Пребарувал како да избегне затворска казна – завршено вештачењето на телефонот на момчето кое пукаше во белградското училиште

May 6, 2023
1 min read

Вештачењето на телефонот на 13-годишното момче Коста К., кое уби осум ученици и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, покажало дека тој истражувал како да избегне затвор, објави српски „Блиц“. Повикувајќи се на извори од истрагата, медиумот пренесува дека момчето на интернет го пребарувало Кривичниот законик во Србија и се интересирало дали малолетници можат кривично да одговараат.

„Врз основа на истрагата, се заклучува дека нападот на училиштето го организирал сега бидејќи знаел дека до 14-от роденден има нешто повеќе од два месеци и дека му останувало уште толку време да не биде кривично одговорен ако го изврши злосторството“,

пренесува Блиц, повикувајќи се на добро упатени извори од истрагата.

Исто така, како што пренесуваат српските медиуми, утврдено е дека К.К. ноќта пред масовното убиство гледал филм за масакр во училиште во САД.

Како што претходно соопшти полицијата, осомничениот го планирал убиството повеќе од еден месец, а при претресот беа најдени списоци и планови за тоа како да го изврши масакрот во училиштето.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Десетици уапсени демонстранти за време на крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила

Следно

Андрес Иниеста на 39 години ќе прави нов трансфер

Latest from Blog

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и

Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)

Падот се случил на тобоганот Голијат, опишан како „хипертобоган“ бидејќи достигнува брзина до 110 км/ч и има висина од 60 метри, се наведува на веб-страницата Six Flegs, објави Хафингтон Пост. Сведоците рекоа
Go toTop