Познат идентитетот на убиецот од Врачар: Коста Кецмановиќ, кој уби најмалку шест соученици, учествувал на многу училишни натпревари

May 3, 2023
1 min read

Кецмановиќ лани го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја. Денеска целиот крвав поход започнал токму поради неговиот гнев кон наставничката по историја, на чиј час утрово упаднал и почнал да пука

Ученикот Коста Кецмановиќ (14) денеска упаднал во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград и уби најмалку шест лица, а неколкумина се повредени.

Како што може да се види во училишната евиденција, Коста Кечмановиќ учествувал на многу училишни натпревари. Неколкупати учествувал на натпревари по математика и добивал пофалби, објави Нова.рс.

Кецмановиќ лани го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја. Денеска целиот крвав поход започнал токму поради неговиот гнев кон наставничката по историја, на чиј час утрово упаднал и почнал да пука.

Пукањето се случило околу осум часот, кога Коста упаднал во училиштето и почнал да пука по случаен избор.

Прво пукал во учениците и наставничката во канцеларијата по историја, а потоа продолжил.

Во престрелката загинаа најмалку шест деца, а повеќе се повредени.

Три деца се хоспитализирани на Детската универзитетска клиника на улица „Тришова“, две се стабилни, додека едно дете е во критична состојба.

Фото: Данас.рс

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иранскиот претседател пристигна во прва посета на Сирија од 2011 година

Следно

ВЛАДАТА ПРЕДЛАГА ДА СЕ ВОВЕДАТ НОВИ ДРЖАВНИ НАГРАДИ ПОСВЕТЕНИ НА ЛИНГВИСТИТЕ БЛАЖЕ КОНЕСКИ И РЕМЗИ НЕСИМИ

Latest from Blog

Петрушевски: Упорноста, транспарентноста и борбата за правда даваат резултати, Обвинителството отвори предмет за Клиничка болница Жан Митрев

По повеќе од 10 прес-конференции, јасна аргументација и упорно инсистирање на вистината, конечно институциите мораа да реагираат, напиша на Фејсбук пратеникот, Бране Петрушевски. Јавното обвинителство денес потврди дека е започната постапка за
Go toTop