Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци

May 5, 2026
1 min read

Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата.

Тригодишната програма нуди можност заинтересираните кандидати да ја развијат нивната кариера и да се стекнат со низа искуства во рамки на НАТО. Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат распоредени во различни тела на НАТО во периоди од по една година, за вкупно три тела на Алијансата.

По завршувањето на тригодишната програма, врз основа на потребите и индивидуалните способности, учесниците можат да бидат назначени на позиција во едно од телата на НАТО каде што претходно работеле за дополнителен период од три години.

Програмата е отворена за аплицирање на млади лица на возраст од 21-32 години со завршени магистерски студии, минимум 1 година работно искуство и активно познавање на еден од двата официјални јазика во рамки на НАТО (англиски или француски)

Рокот за аплицирање е заклучно со 31 мај 2026 година.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ел Класико“ може да го донесе новиот шампион, а билетите одат до 12.500 евра

Следно

Ел Чапо проговори од самица: Бара итна екстрадиција; „Моите човекови права се кршат“

Latest from Blog

Ел Чапо проговори од самица: Бара итна екстрадиција; „Моите човекови права се кршат“

Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, поранешниот водач на картелот Синалоа, испрати ново писмо до судијата Брајан Коган барајќи негова екстрадиција во Мексико. Некогаш најбараниот човек во светот инсистира во писмото на „еднаков третман

Македонски Телеком и Комерцијална банка ја предводеа ликвидноста, МБИ10 со благ раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Скопје, 5 мај 2026 година – Македонската берза ја заврши денешната сесија со МБИ10 на 9.955,12 поени, што
Go toTop