Повеќе од 40.819 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа кои траат веќе 333 дена

September 3, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на Палестинци убиени во нападите на израелската Армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 40.819, известува Анадолу.

Министерството за здравство во Газа објави информации за нападите што Израел ги извршува врз Појасот Газа веќе 333 дена.

Во соопштението се наведува дека израелската Армија извршила 3 масакри во различни делови на Појасот Газа во последните 24 часа, во кои 33 Палестинци се убиени, а 67 се повредени.

Според тоа, бројот на убиени Палестинци во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври се зголеми на 40.819, а бројот на повредени изнесува над 94.291.

Палестинското Министерство за здравство повтори дека сѐ уште има мртви луѓе под урнатините и на патиштата, но медицинските тимови и претставниците на цивилната одбрана не можат да стигнат до телата поради израелските сили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почна исплатата на надоместоците на членовите на ИО за Претседателските и Парламентарните избори 2024 година

Следно

АП Брера го доби ривалот во младинската Лига на Шампиони

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop