Поранешниот претседател Иванов на 26. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара

March 16, 2023
1 min read

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, учествуваше на 26. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара што се одржа во периодот 13-15 март во Истанбул, на кој главна тема беше да се прекине недовербата, да се гради соработката.

Како што соопштија од неговиот кабинет, главни говорници на свеченото отворање на самитот на тема 100 години од Турската Република беа Иванов и реномираниот историчар академик и писател проф. д-р Илбер Ортајли. Иванов, честитајќи им го на домаќините едновековниот јубилеј на Република Турција со желби за просперитет, мир, успеси и благосостојба, зборуваше за основоположниците на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк и Али Фети Окјар, родум од некогашна отоманска Македонија, односно Румелија.

-Врската меѓу Македонија и Ататурк и Окјар не е само географска, туку тоа е просторот каде се формирал нивниот светоглед, каде учеле колку е важен соживотот, прифаќањето и почитувањето на другите. Иванов потсети на визионерската мисла на Ататурк во која тој ја предвидува независноста на Македонија, која години подоцна станува реалност. Македонија имала секогаш силни релации со Турција, раѓајќи големи синови и ќерки, а тоа секако се и Ататурк и Окјар, се наведува во соопштението.

Иванов, се додава, се обрати и на претседателската сесија посветена на анализа на поларизираниот свет по една година од почетокот на руско-украинската војна, во која учествуваа поранешни претседатели на Турција, Романија, Црна Гора, Чешка, Хрватска, Босна и Херцеговина, Молдавија, Косово и на Албанија.

Во своето обраќање Иванов нагласи дека оваа војна отвори многу прашања и конфликти кои мислевме дека се затворени, и дека има четири можни сценарија. Според него, тоа се: прво, победа на првата страна; второ, победа на втората страна; трето, примирје и мировен договор; и четврто сценарио, замрзнување на конфликтот. Поради тоа, посочува, имаме потреба од точни проценки како ќе заврши војната за да се избегнат можните последици, бидејќи погрешните проценки имаат тенденција да создаваат дополнителни постконфликтни состојби.

-Претседателот Иванов рече дека сме сведоци на крајот на една епоха, на еден униполарен свет, а воедно сме соочени со неизвесни алтернативи. Истакна дека ова е време на дигитална трансформација, кога вештачката интелигенција полека ја презема улогата на просветителството, човековиот ум и науката, на што и посочува Хенри Кисинџер во една од неговите последни книги. Со тоа, оние кои ќе доминираат со вештачката интелигенција, ќе доминираат и со светот. Вештачката интелигенција е како огнот – добар слуга, лош господар. Затоа е неопходно да бидеме претпазливи како човекова цивилизација за да не потпаднеме повторно во некој нов вид на ропство, порача Иванов.

За време на посетата на Истанбул, Иванов оствари средби со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, проф. д-р Илбер Ортајли, со повеќето од своите поранешни колеги присутни на самитот, како и со други учесници на форумот, стои во соопптението. вг/са/

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД се закануваат дека ќе го забранат ТикТок, ова е нивниот услов

Следно

Клоп: Не одигравме како што се договоривме пред реваншот со Реал

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop