Клоп: Не одигравме како што се договоривме пред реваншот со Реал

1 min read

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се осврна на поразот од Реал Мадрид (0:1) синоќа во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

-Се подготвувавме да го одиграме натпреварот на посебен начин, но тоа не можевме да го покажеме на теренот. Не поминавме понатаму, ние треба да го прифатиме тоа. Ако сакате да го поминете Реал, треба да играте несебично – денеска не успеавме. Помина тој што требаше да помине, и тоа мора да го признаеме. Реал Мадрид ја контролираше играта. Ова воопшто не е беше она што го сакавме. Ни недостасуваа шанси за гол. Во играта што ја видовме Реал Мадрид беше посилен. Беше подобар во три од вкупно четирите одиграни полувремиња, изјави Клоп.

Во првиот меч мадриѓаните победија со 5:2, па со вкупни 6:2 стигна до четвртфиналето.

Ждрепката за четвртфиналната фаза во елитното фудбалско натпреварување ќе се одржи утре (17 март).  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Поранешниот претседател Иванов на 26. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара

Следно

Маја има сè помало друштво

Latest from Blog