ПОМИНАА ДЕСЕТ МЕСЕЦИ ОТКАКО СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, А УШТЕ НЕ СЕ КОРИСТИ, РЕЧЕ ПРОФЕСОРКАТА ИСКРА ПАНОВСКА-ДИМКОВА

November 26, 2024
2 mins read

Законот за македонски јазик не се применува иако беше изгласан уште пред 10 месеци во Собранието, а не е формиран ниту Инспекторат кој треба да врши надзор за примената за законот, рече денеска проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на  Скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Собранието го изгласа Законот на 26 јануари 2024, една година после првата јавна расправа.

Катедрата за македонски јазик денеска организираше Свечен час за одбележување осум децении од прогласувањето на македонскиот јазик за службен на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944.

Пановска-Димкова кажа дека доколку почне да се применува законот, кој треба да го замени стариот од 1998, ќе биде многу олеснето и вработувањето на кадарот што завршил македонски јазик, со оглед дека законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, вработување лектори во сите државни институции, издавачки куќи, медиуми.

„Законот што се донесе сѐ уште не е влезен во сила. Таму беше предвидено формирање Инспекторат, што не е случено. Во меѓувреме имавме избори, претпоставуваме дека им треба на луѓето време за да се снајдат на новите позиции, но очекуваме во најскоро време тоа да се случи“, рече таа.

Според Пановска-Димкова, со примената на Законот за употреба на македонскиот јазик се очекува да се зголеми и интересот за студирање македонски јазик. Во оваа академска 2024/2025 година, на Катедрата за македонски јазик се запишале 20-ина студенти, слично колку и лани.

„Бројот е сличен како минатата година, но ние сме задоволни со тој број. Битен ни е квалитетот. Тие деца што доаѓаат да се запишат да студираат македонски јазик доаѓаат со вистинска желба, а не по одбиеност од други факултети како што беше во минатите години. Имајте предвид дека и бројот на матуранти секоја година е сѐ помал и помал и не може да очекуваме којзнае колкав број на студенти“, додаде Пановска-Димкова.

Професорите од Филолошкиот факултет на УКИМ, Димитар Пандев и Емилија Црвенковска, на свечениот час имаа излагања за придобивките од АСНОМ за македонскиот јазик.

„Тоа беше заложба уште во времето на Михаило Апостолски, како водач на војската, којшто, меѓу другото, се залагаше македонскиот јазик да се воведе како службен јазик и тоа да биде определба и на АСНОМ, со цел да се санкционира употребата на другите јазици на територијата на Македонија, оние јазици што претходно биле во службена употреба. Значи, тоа е основен став од кој тргнува АСНОМ и го доведува македонскиот како службен јазик во македонската држава“, изјави проф. Пандев.

Според него, и денес се опстојува на АСНОМ-ските позиции за македонскиот јазик, а во однос на промените смета дека „јазикот има способност да се рециклира, сето она што му е ненужно да го отфрла“ и оти „македонскиот јазик тоа успешно го прави во сите изминати осум децении“.

Проф. Црвенковска имаше излагање за значењето на АСНОМ за македонскиот јазик и просветата и се фокусираше на четири решенија на АСНОМ.

„Едното е, се разбира, кога Македонија станува државотворна и македонскиот јазик државотворен, тоа повлекува и понатамошна кодификација на она што е прогласено за службен јазик – втората одлука на АСНОМ. Трето е Декларацијата за еднаквост меѓу народите што живеат на територијата на Македонија, што е многу важно, и четвртиот аспект е просветата, како што се нарекува тогаш образованието. Оттогаш започнуваат првите училишта на македонски јазик, уште за времето на НОБ, на слободна територија. Со неверојатна брзина се реализирало зацртаното, во првите шест месеци веќе се формирани основни училишта, гимназии и Одлуката за универзитет каде што токму денеска се наоѓаме и чиишто корени се во АСНОМ-ските решенија“, рече проф. Црвенковска.

Во однос на грижата за македонскиот јазик денес, таа укажа на „непочитување на (јазичната) норма во одредени ситуации, неводење сметка за акцентирањето и за културата на говорот“.

„Во медиумите треба, исто така, да се води сметка за дикцијата, за истакнување битно од небитно кога се соопштуваат вести и за други недоследности за кои може да се работи и да се искристализираат“, додаде професорката.

Свечениот час со поздравно обраќање го отвори деканот на Филолошкиот факултет на УКИМ, проф. д-р Владимир Мартиновски, кој рече дека решенијата донесени на Првото заседание на АСНОМ се „вертикали врз кои се гради македонската култура, наука и образование“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Следно

Градоначалникот на Бутел Костовски: Буџетот на општината за 2025 година ќе го направиме заедно со жителите и за нивните потреби

Latest from Blog

Претседателот на Фенербахче: Лицето кое го фрли шишето е уапсено, Исмаил Картал останува наш тренер! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Fenerbahce/ Синоќа за време на средбата од Лигата на Шампионите меѓу Фенербахче и Рома се случи тежок инцидент. Имено беше фрлено шише со вода по тренерот на домашните Исмаил Картал. Тој видно

Пет лица загинаа, а 67 други се ранети, руски дрон погодил трговски центар во Павлоград

Продавници и возила беа погодени во нападот, кој се случи вчера  „кога улиците беа полни со луѓе“, рече министерот за внатрешни работи Иван Вихивски. Според украинските медиуми, уште два трговски центри –

ЛШ: Историска ноќ и победа за Комо, „петарда“ за Бодо во Минхен, Манчестер Ј. силно против Сабах

Комо со стил дебитираше во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Сеск Фабрегас славеше со 3:1 против Лајпциг на „Синигалија“ и оствари историска победа во своето прво појавување во елитното европско натпреварување.

САД до сојузниците во НАТО: Напуштете го Меѓународниот кривичен суд и прекинете им ја поддршката

На состанокот на амбасадорите на 32 членки на НАТО зад затворени врати во Брисел кон средината на јули, американскиот претставник Метју Витакер побара од сојузниците да го напуштат Римскиот статут, основниот документ
Go toTop