Поминаа 3 години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, коронавирусот се уште меѓу луѓето, но со намален интензитет

March 11, 2023
2 mins read

На 11 март пред три години, Светската здравствена организација прогласи пандемија од коронавирус откако тој првично се појави во кинескиот град Вухан во декември 2019 година. Светот се соочи со полициски час, носење заштитни маски, ограничување на јавни настани, масовни тестирања за Ковид-19, онлајн учење и работа од дома. Секојдневието на граѓаните се промени за 360 степени. Дезинфекција на секој чекор, а коронавирусот натера голем дел од популацијата да ја стави социјализацијата на пауза.

Со пристигнување на вакцината против Ковид-19, мислењето на јавноста во државата, како и насекаде во светот, беше поделено. Едни едвај чекаа да се вакцинираат и да заминат во странство, каде се бараше негативен тест на коронавирус или доказ за примена вакцина. Други пак, беа скептични. Колку се безбедни вакцините, што има во нив, какви се несаканите ефекти?

Три години подоцна, последиците од пандемијата сѐ уште се чувствуваат насекаде околу нас. На многумина им беше тешко да се вратат во „нормалното секојдневие“.

Во последните 24 часа се направени 1 831 тестирања, а регистрирани се 243 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 100 лица, а починати се четири пациенти, информира Министерството за здравство.

Шест пациенти во моментот се лекуваат на Инфективната клиника во Скопје

Коронавирусот се уште е присутен меѓу нас. Во текот на 2023 година односно во јануари, февруари и март, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекувани вкупно 69 пациенти со дијагноза Ковид-19, а лекувањето во моментот го продолжуваат шест пациенти. Во изминатиот период починати се седум пациенти.

-Пациентите кои во моментот се лекуваат на Клиниката се со средно-тешка и тешка клиничка слика, велат за МИА од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Сите лица кои се позитивни или имале контакт со заболено лице имаат издадено решение за изолација. Сива зона нема. Лицата кои биле контакти со позитивно лице на Ковид 19 можеби со задоцнување

Оттаму велат дека според достапните податоци, последната докажана варијанта на Ковид-19 во државава е кракен подваријантата на омикрон, која е високо контагиозна и заразна.

Препораките за превенција се подеднакво исти како и за претходните варијанти, односно одржување на хигиената на рацете, избегнување на присуство во простории каде има поголема концентрација на луѓе, при кивање и кашлање да се става рака на уста сѐ со цел да се спречи ширењето на флигеовите капки.

Остануваат на важност препораките дадени во текот на пандемијата

На веб страната на Институтот за јавно здравје, секој понеделник се објавува информација за состојбата со коронавирусот во текот на неделата која поминала.

– Во текот на минатата недела, тестирани се вкупно 1.880 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-КоВ-2 (SARS-CoV-2), со намалување од 29,1 отсто во однос на претходната недела (n=2.651), велат од Институтот за јавно здравје за МИА.

Од Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје информираат дека од 20 февруари 2020 година до 5 март годинава, тестирани се вкупно 2.230.788 материјали. Од нив, детектирани се вкупно 347.182 позитивни случаи на Ковид-19 со инциденца (I)=18.302,4/100.000, и пријавени се 9.668 смртни случаи.

– Во последните 24 часа, регистрирани се 1.269 нови случаи на КОВИД-19 од направени се 4.047 тестови, регистрирани се 14 починати лица и 848 оздравени пациенти, информира Министерството за зд

Во однос на тоа какви се шансите за нов сој на Ковид-19 во нашата држава, од Институтот за јавно здравје велат дека со оглед на тоа дека се работи за РНК вирус, шансите за мутација се поголеми.

– Насоката на мутација е непредвидлива и ова се однесува на само за нашата земја, туку и воопшто, за сите земји каде што заболувањето е присутно, подвлекоа од Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ.

Првиот случај на Ковид-19 во земјава потврден во февруари 2020 година

Првиот случај во земјава беше потврден на 26 февруари 2020 година кај жена која допатува од Италија. Бројот на заразени интензивно расте од почетокот на март и кон крајот на јули 2020 година достигнува 10 илјади заразени.

Воведени беа серија на мерки во насока на спречување на ширењето на вирусот. Затворени беа сите училиштата и забранети јавни настапи. На 13 март поради зголемен број на заразени беше прогласена кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа кои беа ставени под карантин, а по предлог на тогашната техничка Влада на 18 март беше прогласена вонредна состојба на целата територија на државата.

Вакцинацијата во земјава почна на 17 февруари 2021 година. Заклучно со 5 март годинава, вакцинирани се вкупно 876.031 лица со барем една доза, а комплетно вакцинирани со две дози се вкупно 857.128 лица.(МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Порака до Меси: Не губи повеќе време во ПСЖ!

Следно

Ново издание на 360°: Интервју со обвинителот Бубевски за убиството во „Шиша бар“, случаите со „Бехтел и Енка“, „Доказ“, „Делчевските ниви”

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop