Порака до Меси: Не губи повеќе време во ПСЖ!

1 min read

Аргентинската фудбалска суперѕвезда, Лионел Меси, ова лето конечно успеа да се закити со титулата светски првак со својата репрезентација, но добрата форма од Катар никако не може да ја имплементира во редовите на парискиот клуб, ПСЖ.

Долго време се зборува дека Меси е разочаран од лошата форма на „светците“, а и самиот тој е фрустриран дека не може да го покаже сиот раскошен талент во редовите на францускиот првак.

Пропадна уште една сезона во Лигата на шампионите, ПСЖ загуби два пати од Баерн Минхен, а некои поранешни фудбалери дури и го критикуваа Меси за неговото бледо издание против баварскиот гигант.

Се шпекулира дека Аргентинецот е на сериозен крстопат, и со оглед на неговата возраст, навистина е во недоумица каде да ја продолжи својата кариера.

Се шпекулира дека дел од најблиските луѓе на Меси со месеци го советуваат или да се пензионира како актуелен крал на фудбалот, или да се врати во Барселона и да одигра уште барем една или две сезони.

Пријателите на Меси велат дека тој само губи време во ПСЖ, зашто евидентно е дека тимот го нема потребниот победнички менталитет, а тоа не му одговара во никој случај на генијалниот Аргентинец.

Останува да видиме што ќе се случи ова лето, ништо чудно да го видиме Меси повторно во дресот на каталонците, затоа што веројатноста да остане во ПСЖ е најверојатно многу мала.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Кирби: Москва сака да ја дестабилизира Молдавија

Следно

Поминаа 3 години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, коронавирусот се уште меѓу луѓето, но со намален интензитет

Latest from Blog