Почна со работа Нега Центарот во Кисела Вода, услугата ќе биде достапна за околу 40 корисници

March 24, 2023
2 mins read

Почна со работа Нега Центарот во Општина Кисела Вода. Услугата ќе биде достапна за околу 40 корисници кои се стари лица и лица со намален функционален капацитет и попреченост, а ќе добиваат нега и грижа во нивниот дом од 20 лиценцирани негуватели.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска, на отворањето на Центарот, изјави дека преку проектот за подобрување на социјалните услуги се овозможени различен тип услуги, како помош и нега во домот, центар за активно стареење, дневни центри за лица со попреченост преку кои на повеќе од илјада корисници им е значително подобрен квалитетот на живот.

– Со задоволство можам да кажам дека преку конкретните резултати од социјалната реформа се покажува на дело трудот и посветеноста на тимот и заложбата на МТСП и на Владата, но се покажува и значењето од соработка меѓу централната и локалната власт. Двојната придобивка од социјалната реформа како и од проектот за подобрување на социјалните услуги како инструмент за поддршка на реформата е тоа што можност за вработување како негуватели имаат лицата кои се од ранлива категорија, невработени лица, самохрани родители и лица во социјален ризик, нагласи Тренчевска.

Тоа, како што посочи министерката, значи дека реформата овозможува подигање на квалитетот на живот и на корсниците и на негувателите.

– Голем дел од нив се жени што ја покажува посветеноста на МТСП кон економското зајакнување на жените со акцент на ранливите категории, рече министерката.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски посочи дека овој проект има за цел значително да го унапреди квалитетот на животот на повозрасните и на лицата со попреченост кои не се во можност во целост самостојно да се грижат за себе си.

– Од денес преку трипартитниот договор потпишан меѓу Кисела Вода, МТСП и Црвениот крст на Град Скопје, функционира Нега Центарот како сервис за домашна нега и грижа на стари и немоќни лица кои од страна на сертифицирани професионални негуватели ќе добиваат услуги прилагодени на нивните индивидуални барања и потреби, изјави Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода, додаде тој, реализира бројни проекти за социјална грижа и инклузија.

– Ние сме прва и единствена општина каде од пред два дена старите и немоќни лица добиваат посебен транспорт за користење на здравствена, социјална или друга административна услуга. Ние сме првата општина која од пред извесен период вработи и лице со даунов синдром. Апелирам овој чекор да го следат и сите останати општини во државата, но и институциите од централанта власт. Се надевам дека ваквите позитивни примери ќе поттикнат големи промени и ќе донесат позитивни резултати во целата држава, нагласи Ѓорѓиевски.

Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст на Град Скопје рече дека Центарот ќе претставува место каде тимот на скопскиот Црвен крст ќе биде директно вклучен во реалзирање на потребите на граѓаните на територијата на Општината и место каде директно ќе дискутираат за потребите, проблемите и се тоа што им е потребно на лицата од трето доба и лицата со попреченост.

– Ќе ги слушаме сигналите од терен и согласно тоа ќе развиваме понатаму дополнителни услуги и секако овој сервис ќе биде унапреден. Ние во моментот имаме приближно 60 лиценцирани негуватели, овој број секако ќе расте, а целта е на територија на Град Скопје во секој општина да имаме ваква канцеларија, ваквов центар нега каде на лицата во трето доба посебно ќе им се пружат услугите во домашни услуги. Слоганот на нашиот проект е „Само дома си е дома“ зашто поголемиот дел од корисниците сакаат своите денови на пензионирање да си ги поминат во својот дом, рече Тунева Пауновска.

Негувателката Анжелика Илова сподели дека обуката за негувател и донела многу знаење и способности за работа на терен.

– За мене е голема чест што ќе работам со старите лица во домашни услови каде ќе можеме да го подобриме нивниот квалитет на живот. Свесна сум дека оваа работа е доста тешка, напорна, но од друга страна многу хумана и почитувана и горда сум што сум дел од нејзе. Посакувам да се отворат вакви центри и во другите општини, изјави Илова.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД: Драматичен пораст на антисемитизмот во 2022 година

Следно

(ВИДЕО) Макрон предизвика скандал: Зборуваше за примателите на социјална помош со часовник на раката од 80 илјади евра, потоа скришно го извади

Latest from Blog

Путин му се заблагодари на претседателот на ОАЕ за помошта во апсењето на осомничениот за обидот за атентат врз високиот руски генерал на ГРУ

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, за неговата помош во апсењето на човекот осомничен за пукањето врз високиот офицер

Кадриу: Осудените за „мерцедесот“ беа „земени на врат“, а случајот со Нешковски беше „чист“, иако Заев мавташе со снимките

Во случајот „Тенк“, набавката на блиндираниот „мерцедес“, Владата не била обврзана да објавува оглас, односно да распишува тендер. Значи, не била должна. Можела да го купи „мерцедесот“ со спогодба во четири очи,

Атентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи

Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.
Go toTop