Почина легендарната актерка Ракел Велч

February 15, 2023
1 min read

Актерката се прослави со филмовите „Фантастично патување“ и „Милион години пред нашата ера“. „Плејбој“ ја прогласи за трета најсекси ѕвезда на 20. век, а на слична листа се најде и во списанието „Емпајр“

Ракел Велч (2010) Фото: EPA/JUAN CARLOS CARDENAS

Легендата на Холивуд, актерката Ракел Велч, почина денеска на 82-годишна возраст.

Таа важела за секс-симбол на 60-тите и 70-тите години на минатиот век, а се прослави со улогите во филмовите „Фантастично патување“ и „Милион години пред нашата ера“. Зад себе остави остварувања на 40-ина улоги на филмските платна и уште толку во телевизиски серии и филмови.

Двапати беше номинирана за „Златен глобус“, а ја доби наградата за најдобра улога во мјузикл/комедија за нејзината изведба во „Тројцата мускетари“ во 1975 година.

Од списанието „Емпајр“ во 1995 година беше прогласена за една од 100-те најсекси ѕвезди во филмската историја. „Плејбој“, пак, ја рангираше на третото место на нивната листа од 100 најсекси ѕвезди на 20. век.

Меѓу последните улоги кои ги имаше, беа во серијата „Дејт мај дед“, како и во филмот „Како да се биде латински љубовник“, снимени во 2017 година.

Во приватниот живот, пак, Велч имаше четири брака. Првиот со нејзиното момче од средно училиште, со кого се омажи во 1959 година и со кого доби две деца. Двојката се разведе во 1964, а потоа актерката имаше уште три брака.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА АКТЕРКАТА И СЕКС СИМБОЛ РАКЕЛ ВЕЛЧ

Следно

Ласовска: Владиното мнозинство го злоупотребува законското знаменце, а вкупно 41 законско решение на предлог на ВМРО-ДПМНЕ не се става на пленарна седница

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop