Побарани мерки на претпазливост за вториот напаѓач на Пендиков

February 22, 2023
1 min read

Основното јавно обвинителство Охрид до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерки на претпазливост против едно лице од Битола, за кое е поведена постапка за кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, на 19 јануари, осомничениот, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле.

-Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на сега осомничениот да му ги определи следните мерки – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за употреба на лична карта за преминување на државна граница, како и обврска да се јавува повремено – на секои 7 дена на определено службено лице или кај надлежен државен орган, соопштија од ЈО.

Осомничениот, исто како и претходно обвинетиот во оваа постапка, тврди дека има само македонско државјанство.

Како што посочуваат во соопштение, во тек е собирање докази за проверка на наводите изнесени во поднесената кривична пријава против осомничениот. За правилно утврдување на фактичката состојба ќе биде неопходно и оштетениот да учествува во постапката пред обвинителството во својство на сведок. Со оглед на тоа, Основното јавно обвинителство Охрид ќе се обрати до надлежните органи во Република Бугарија за да ја обезбеди адресата на неговото сегашно престојувалиште.​​

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инцидент на „Партизански одреди“: Три лица претепале 37-годишна жена

Следно

МАТТО испрати 28 шлепери помош за Турција, досега се собрани 250.000 евра

Latest from Blog

Жените во енергетиката не се исклучок – тие се иднината

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес го отвори настанот „Женски лидерски дијалог во енергетиката“, посветен на улогата на жените во енергетскиот сектор и нивното поголемо вклучување во развојот

Општина Битола продолжува со инвестиции во руралните средини – започна проект во Братиндол

Општина Битола започна со реконструкција на улици во селото Братиндол, проект кој има за цел подобрување на патната инфраструктура и условите за живот на локалното население. Станува збор за проект кој општината
Go toTop