Побарана оставка од сите полициски функционери на Филипини- еве ја причината

January 4, 2023
1 min read

Филипинскиот министер за внатрешни работи Бенјамин Абалос Јуниор денеска соопшти дека побарал од сите полициски генерали и полковници да поднесат оставка поради сомневање за вмешаност во трговија со дрога.

„Околу 300 полицајци се опфатени со директивата, што беше препорачано од шефот на националната полиција, кој исто така ќе поднесе оставка“, рече Абалос на прес-конференција.

Тој нагласи дека има голем проблем во полицијата и дека голем број генерали и полковници се вклучени во трговијата со дрога. Десетици полицајци се уапсени или отпуштени од нивните должности и под истрага за нивна вмешаност или осомничена вмешаност во трговија со дрога. Абалос наведе неодамнешен случај кога службениците за спроведување на законот продавале дрога во нивната канцеларија.

Филипинската Агенција за борба против дрога беше опфатена со рации, апсења и отпуштања во последните месеци.
Поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте претходно беше критикуван од меѓународната заедница за неговата војна против шверцерите на дрога, во која, според полицијата, загинале повеќе од 6.200 осомничени. Групите за човекови права наведуваат поголем број загинати и обвинија некои полицајци за измислување докази за да се чини дека жртвите насилно се спротивставиле на апсењето.

Во ноември, началникот на националната полиција на Филипините, Родолфо Азурин Јуниор, изјави дека им наредил на органите за спроведување на законот да го минимизираат убивањето на луѓето вклучени во трговијата со дрога.
Тој најави дека ќе се формира комисија која ќе ги контролира полициските службеници и ќе утврди дали тие се вмешани во нелегалната трговија со дрога и додаде дека тие што не се вмешани немаат потреба да се грижат.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Несреќа во Бугарија: Пожар избувна во патничкиот воз Варна – Софија

Следно

Најнова прогноза: Какво време не` очекува до понеделник?

Latest from Blog

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување
Go toTop