По земјотресите – бран апсења на лица одговорни за квалитетот на градбите во Турција

February 11, 2023
1 min read

Се очекуваат нови апсења откако денеска обвинителот во Дијарбекир, која е една од десетте југоисточни области погодени од земјотресот, издаде налози за апсење на 29 лица

По силниот земјотрес од 6 февруари, турската полиција започна бран апсења на лица одговорни за квалитетот на градбите. Локалните турски медиуми јавуваат дека досега се уапсени 12 лица во врска со уривањето згради во Газиантеп и Шанлурфа.

Од земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала и уште неколку последователни потреси се урнаа над 6 000 згради оставајќи зад себе биланс од илјадници жртви и повредени, бројки кои се зголемуваат од час во час. Се очекуваат нови апсења откако денеска обвинителот во Дијарбекир, која е една од десетте југоисточни области погодени од земјотресот, издаде налози за апсење на 29 лица.

Еден од првите уапсени градежници е Мехмет Јашар Чошкун. Моментот на апсењето синоќа го снимиле безбедносните камери на аеродромот во Истанбул додека се подготвувал да избега во Црна Гора. Градежната компанија на Чошкун, „Антис Јапи“, го изгради луксузниот станбен блок „Renaissance Residence“, кој се наоѓа во Антакија, во провинцијата Хатај, од чие уривање се проценува дека животот го загубиле околу 800 жители.

Истражителите се сомневаат дека причина за уривањето на зградите бил и лошиот квалитет на градбата. 12-катниот блок со луксузни станови е завршен пред 11 години.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Спасен млад фудбалер, го јадел цвеќето на мајка му за да преживее, спасувачите не ги слушале неговите повици за помош

Следно

ВИДЕО: Ново чудо во Турција, седум годишно девојче спасено по 136 часа

Latest from Blog

Полувреме: Мексико води со 1:0, лесно можеше да биде и поубедливо (ВИДЕО)

фото: EuroFoot (X) Хулиан Кињонес е авторот на првиот гол на Светското фудбалско првенство 2026. Со погодокот во 9 минута, офанзивниот фудбалер во составот на селекторит Хавиер Агире, Мексико обезбеди водство од

ВЕЧЕРВА СИЛНО ЌЕ ГО ПОГОДИМЕ ИРАН, Трамп најави жестоки напади

Американскиот претседател Доналд Трамп упати сериозна закана дека САД „многу силно ќе го погодат Иран вечерва“, најавувајќи дека Вашингтон планира да преземе целосна контрола врз главниот ирански нафтен центар, островот Харг. Оваа

Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Турција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, утре во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција. Форумот, организиран од

Комуналец Прилеп: Се уредува населбата „Димо Наредникот“

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп во изминативе денови спроведува активности за реконструкција и уредување на станбениот комплекс во населбата „Димо Наредникот“, со цел подобрување на урбаниот изглед и условите за живеење. Во рамки
Go toTop