По соборувањето на балонот, САД ставија шест кинески компании на „црната листа“

February 11, 2023
1 min read

Ваквиот потег следува по соборувањето на кинескиот балон за надзор што прелета над САД минатата недела, притоа зголемувајќи ги политичките тензии меѓу двете најголеми економии во светот. САД велат дека балонот бил опремен да детектира и да собира разузнавачки сигнали, а од друга страна Пекинг тврди дека се работи за цивилен балон за метеоролошки истражувања кој случајно навлегол во воздушниот простор на САД

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во петокот стави на „црната листа“ шест кинески компании кои се поврзани со воздушните програми за набљудување на кинеската армија.

Ваквиот потег следува по соборувањето на кинескиот балон за надзор што прелета над САД минатата недела, притоа зголемувајќи ги политичките тензии меѓу двете најголеми економии во светот.

Според одлуката на американскиот оддел за трговија, на шесте компании ќе им биде ограничено да добиваат артикли и технологии од САД без одобрение од американската влада.

„Шесте компании ги поддржуваат напорите за модернизација на кинеската влада, особено оние поврзани со воздушните програми, вклучувајќи воздушни бродови и балони и сродни материјали и компоненти, кои се користат од Народноослободителната армија за разузнавање и извидување“,

се вели во соопштението на американското Министерство за трговија.

Во соопштението се додава дека со овој потег американското Министерство за трговија испраќа јасен сигнал до компаниите, владите и другите засегнати страни на глобално ниво дека субјектите ставени на црната листа претставуваат закана за националната безбедност на САД.

Овој потег може дополнително ќе го интензивира дипломатскиот спор меѓу Кина и САД предизвикан кога минатиот викенд беше соборен балон во близина на брегот на американската држава Северна Каролина.

САД велат дека балонот бил опремен да детектира и да собира разузнавачки сигнали. Од друга страна, Пекинг тврди дека се работи за цивилен балон за метеоролошки истражувања кој случајно навлегол во воздушниот простор на САД.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доставен предлогот за владина реконструкција: Ковачевски ја соопшти утрешната одлука на Алтернатива?

Следно

Најдобрата судиска двојка во ракомет „влечат“ корени од Кисела Вода

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop