По обработени половина од вкупниот број гласови, Ердоган води за 10 отсто пред неговиот опонент Киличдароглу

May 14, 2023
1 min read

Од одработени 51,03% од избирачките места, Ердоган води со 52,03% наспроти Киличдароглу кој има 42,11 отсто од гласовите. Третиот кандидат Синан Оган освоил 5,41 отсто од гласовите, додека пак Мухарем Инџе, кој се повлече од кандидатурата, моментално има помалку од еден процент од гласовите.

Во трката за турскиот парламент моментално во водство е Народната алијанса, предводена од Партијата на правдата и развојот. Првичните резултати, според опозицијата се позитивни бидејќи било очекувано тие да бидат во корист на Ердоган, бидејќи првите гласови кои се бројат обично доаѓаат од конзервативните и рурални делови на Турција кои стандардно гласаат за партијата на Ердоган.

Четири извори од турската опозиција изјавија дека според нивните информации лидерот на опозицијата Киличдароглу води со мала разлика. Најголемиот ривал на Ердоган на денешните претседателски избори во Турција Кемал Киличдароглу на Твитер напиша дека води на изборите.

„Ние сме напред“,

напиша Киличдароглу.

Главната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) претходно соопшти дека прелиминарните резултати се позитивни и оти кога процентот на преброените гласови ќе биде е поголем, ќе има добри резултати.

„Според податоците што ги добивме досега, резултатот го гледаме како многу позитивен“,

изјави Фаик Озтрак, портпарол на ЦХП.

Инаку, претходно претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (ЈСК) Ахмет Јенер изјави дека изборниот процес е завршен и оти досега не е забележана негативна ситуација, пренесува агенцијата Анадолија.

„Изборниот процес за претседателските и парламентарните избори е завршен. Не евидентиравме никаква негативна ситуација“,

изјави Јенер.

Сепак, тој истакна дека во текот на изборниот процес еден набљудувач и двајца граѓани починале како последица на инфаркт и изрази сочувство до семејствата на починатите. Јенер изрази благодарност до сите политички партии кои придонесоа за изборите, набљудувачите, претставниците на медиумите и сите други кои придонесоа за изборниот процес.

За некој од кандидатите денеска да обезбеди целосна победа, ќе му требаат повеќе од 50 отсто од гласовите. Меѓутоа, доколку ниту еден од четворицата кандидати за претседател на Турција не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи на 28 мај. Денешните избори се одржуваат во исклучително тешко време за земјата, кога растечката инфлација достигна 44 отсто, иако многумина мислат дека е и повисока, а дури 11 провинции се справуваат со последиците од најуништувачкиот земјотрес во овој век.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган со рано водство, но се очекува разликата да се намалува

Следно

Давид Де Хеа прогласен за најдобар голман во Премиер лигата

Latest from Blog

Гоце Делчев, 23 јануари 1902: „Да не се плашиме од смртта. Каде и да нè посети, да ја дочекаме со презир – и да ја победиме!“,

„Зелениче е прекрасно, големо гурбетчиско село. Атмосферата во куќите е речиси градска. Многу од мажите носат панталони. Питоми, приемчиви, гостопримливи луѓе. Ова е првпат да го видам Делчев на работа овде. Тој

Занаетчиите се против минимална плата од 600 евра

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува

Плус Инфо: Двојни аршини и спорни квалификации во постапувањето на Обвинителството во случајот „Пулс“

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој однесе 63 човечки животи, прераснува во сериозен тест за македонскиот правосуден систем, не само поради тежината на последиците, туку и поради правните преседани

Коњановски: Визијата на Гоце Делчев и денес ја води Македонија

Денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Делегација од Општина
Go toTop