По четирите смртни случаи, ситуацијата со лавините во Северна Норвешка и понатаму критична

April 1, 2023
1 min read

ИЗМИР (АА) – Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе денес изјави дека смртоносните лавини во Тромс се трагичен почеток на Велигден и ги повика луѓето да ги следат советите на надлежните, пренесува Анадолу.

„Ова е трагичен почеток на Велигден. Моите мисли се со роднините на оние што загинаа и со преживеаните по неколкуте тешки лавини во неколку општини во округот Тромс. Лавините однесоа и животни и објекти во морето. Ситуацијата е сериозна и сè уште нејасна“, рече Сторе во изјавата за Норвешката новинска агенција.

Тој, исто така, им се заблагодари на локалните власти, на хуманитарните тимови и на волонтерите за „непроценливиот напор во спасувачката работа“.

Најмалку четири лица ги загубија животите вчера во лавини во Северна Норвешка.

Откако беше јавено за смртни случаи во Тромс, полицијата, норвешката Дирекција за водни ресурси и енергија (НВЕ) и главниот медицински службеник ги предупредија луѓето да не остануваат на планините бидејќи утрово се случија уште две лавини во регионот.

Портпаролот на Националниот центар за спасување, Фроде Иверсен, претходно изјави: „Постои голема опасност од лавини во цела Северна Норвешка.“

„Ова се тешки, смртоносни лавини. Лавини на места каде што немало лавини можеби и сто години. Ова ни кажува дека ситуацијата со лавините е опасна по живот“, изјави главниот лекар во Универзитетската болница во Северна Норвешка, Мадс Гилберт, предупредувајќи да не се оди на врвовите по стрмен терен.

Ема Џулсет Барфод, водач на групата за предупредување од лавини, рече дека низ Северна Норвешка владеат многу нестабилни услови.

Нивото на опасност сега е 4, на скала од 5. Ситуацијата е толку сериозна што размислувавме да објавиме ниво 5, но во тој случај зборуваме за анормално многу и екстремно големи лавини, рече Барфод.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Акар го осуди повторниот напад на Куранот и турското знаме во Данска

Следно

Бугарија утре гласа на избори: Кои партии се со најголема шанса да влезат во парламентот

Latest from Blog

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло, додека Федералното истражно биро (ФБИ) предупредува на ирански дронови кои потенцијално би можеле да го

Почина Кирил Поп Христов – Кили

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Кирил Поп Христов – Кили почина на 58 годишна возраст. Кили починал на Еквадор каде живееше долги години. Таму се пресели во 2014 година Христов дипломира

Најдени се предмети кај судијата Ѓоко Ристов кои не ги чепкал до истекување на роковите?

Судскиот совет има сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Дел од предметите

Валверде:“Неверојатно! Секогаш сонуваш за вакво нешто!“

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, имаше свој коментар по неговиот феноменален настап против Манчестер Сити. Уругваецот постигна хет-трик против „граѓаните“ во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата
Go toTop