Петков условува: Доколку Македонија сака европска иднина НЕМА ДРУГ ИЗБОР освен да почне да работи на позитивни теми со Бугарија

February 5, 2023
1 min read

Во односите меѓу Бугарија и Македонија е важно перспективата да не се става само на тоа каков инцидент се случи и во исто време, додека се справуваме со јазикот на омразата, мора да се отворат и други теми како инфраструктурата и економијата, со цел односите да можат да имаат и позитивен карактер, изјави поранешниот бугарски премиер и копретседател на партијата Продолжуваме со промената, Кирил Петков.

-Во моментов е оставено на некои многу гласни луѓе да го дефинираат дијалогот меѓу двете земји. Време е да се вратиме на попозитивните работи, рече Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР).

Според него, на земјава треба да и се каже дека условите ги поставува ЕУ и дека доколку сака да има европска иднина нема друг избор освен да почне да работи на позитивни теми со Бугарија и да го отстрани јазикот на омразата.

-Таквиот тип на дијалог е можен затоа што за време на нашата Влада, успеавме Европа да застане на наша страна, додаде Петков.

Осврнувајќи се на претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија, предвидени за 2 април, Петков изрази надеж дека неговата ПП ќе настапи со заедничка листа со блокот Демократска Бугарија, создавајќи јадро кое ќе промовира универзално прифатени политики и цели, што мора да се случат.

-Ние сме единствената динамика во политичкиот простор. Со ДБ создаваме јадро за кое се надеваме дека нема да биде само снежна грутка, туку лавина, додаде Петков. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Снежни виулици, сообраќајни блокади и ниски температури – невремето „Барбара“ ја погоди Грција

Следно

Рамос: Меси е најдобар фудбалер на сите времиња

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop