ПЕТ ГОДИНИ СОБИРАМ СИЛИ ДА ЗБОРУВАМ ЗА ГОРАН, РЕЧЕ ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ НА ЕМОТИВНИОТ КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА БРАТ МУ ВО РОДНАТА БИТОЛА

April 28, 2023
2 mins read

„Ова за мене е прилично емотивен момент зашто поминаа нецели пет години од заминувањето на Горан Стефановски и до скоро немав никаква сила ни да давам изјави, нити да правам било што во негова чест“, рече македонскиот музички виртуоз Влатко Стефановски на маестралниот и емотивен концерт што по повод 71. година од раѓањето на брат му, врвниот македонски драматург Горан Стефановски (1952-2018), го одржа во негововиот роден град Битола, во Офицерскиот дом.

„Меѓутоа, помина некое време и сега можам да се обратам на јавноста на ваков начин. Инаку, одамна имав желба да настапувам во овој прекрасен амбиент што го нема никаде на друго место во Македонија, овој Офицерски дом во Битола“, рече Влатко.

Концертот се одржа во родниот град на Горан, Битола, во Офицерскиот дом. (Фото: СДК.МК)

Тој во чест на брат му, кој почина пред неполни пет години, ја отсвири „Јано мори, севдалино“, за која рече дека му била омилена песна од македонските староградски. Пееше и свиреше песни од „Битлси“ зашто, како што рече, Горан бил можеби еден од најголемите обожаватели во светот на овој британски култен бенд. Потоа свиреше песни од Боб Дилан, како и свои инструменталки, македонските народни песни „Јовано, Јованке“, „Македонско девојче“, хитовите „Џипси сонг“, „Чукни во дрво“.

„Веројатно луѓето од театарот, уметноста и културата знаат дека мојот сакан брат Горан Стефановски е роден во Битола, но не верувам дека пошироката јавност знае. Скопје и Општина Центар му оддаваат секоја година чест со скулптурата што е поставена во Дебар Маало. Но, ете уметнички да го одбележиме неговиот спомен и неговото родно место Битола“, рече Влатко.

Борис Чоревски евоцираше спомени од детството кога со Горан живееле под ист покрив на улицата Београдска број 5 во Битола. (Фото: СДК.МК)

Составен дел од одбележувањето на настанот кој требаше да биде 71.роденден на Стефановски беше и настапот на актерот Борис Чоревски, кој евоцираше спомени од детството кога со Горан живееле под ист покрив на улицата Београдска број 5 во Битола.

„Нашите татковци беа меѓу основачите на македонскиот народен театар. Во 1945 година, од тогашната власт неколку актери беа пуштени во театарите низ Македонија. Татко ми и чичко Мирко Стефановски дојдоа во Битола со своите сопруги и живееја во иста куќа. По неколку години, чичко Мирко и тека Наде заминаа за Прилеп во Прилепски тетар, каде таткото на Горан и Влатко беше директор, потоа заминаа за Скопје. Можеме да кажеме дека нашите две фамилии ја обединуваат Македонија. Татко ми е велешенец, а мајка ми штипјанка, брат ми роден во Велес, а јас во Скопје, а живеам во Битола. Истото се случува и со Стефановци. Горан е роден во Битола, чичко Мирко беше од Скопје, а тетка Нада е битолчанка“, рече Чоревски.

Спомените за Горан Стефановски, наречен уште и македонски Шекспир, ги заврши неговата мисла: „Не можете вие од мене да барате да не се чувствувам како дел на најдлабокиот и најстар свет кога Хераклеја ми е дома, кога Охрид ми е дома, кога Виа Игнација, единствениот автопат што постоел во Европа меѓу 5 и 15 век, минувал покрај куќата на баба ми во Битола. Не може баш сè да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас“, рече Чоревски.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белата куќа ги повика Американците да го напуштат Судан за 24 до 48 часа

Следно

Сибо: „Зелениот дворец“ е роман за Скопје што веќе го нема и за Скопје што го познаваме

Latest from Blog

Општина Битола продолжува со инвестиции во руралните средини – започна проект во Братиндол

Општина Битола започна со реконструкција на улици во селото Братиндол, проект кој има за цел подобрување на патната инфраструктура и условите за живот на локалното население. Станува збор за проект кој општината

Милко со промоција на EP-то „Последен ден“ на 7 март во клубот Ѕе

Еден од најавтентичните состави на домашната независна музичка сцена, Милко, на 7 март во клубот Ѕе во ГТЦ ќе го одржи промотивниот концерт по повод своето најново EP издание, „Последен ден“. Концертот ќе биде можност публиката во живо да

Започна изградбата на типската училишна спортска сала во дворот на ООУ „Стив Наумов“ Битола. Денеска градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше на локацијата каде ќе биде изградена оваа училишна фискултурна сала на површина од 650 м2. Објектот е наменет за спортски и рекреативни активности во мали спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет, пинг понг и други спортови поврзани со училишното образование. Објектот ќе има две секции, едната за помошни простории ( соблекувална, канцеларија и тоалети), а другата секција е фискултурна сала со димензии 15 на 30 метри и висина 7,6 метри. Вкупната вредност на проектот е 48.297.406 денари и се средства од вториот владин повик преку Министерството за образование и наука, а дел од нив од буџетот на Општина Битола.

Започна изградбата на типската училишна спортска сала во дворот на ООУ „Стив Наумов“ Битола. Денеска градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше на локацијата каде ќе биде изградена оваа училишна фискултурна сала на

Песков: Распоредувањето нуклеарно оружје во Финска ќе претставува закана за Русија

Коментирајќи ја најавата на финската Влада Песков рече дека факт е дека Финска ѝ се заканува на Русија со распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија, објавија руските медиуми. „А ако Финска ни
Go toTop