Песков: „Немаше контакти меѓу Русија и САД по инцидентот со американското беспилотно летало во Црно Море“

March 15, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека немало контакти меѓу Русија и САД на највисоко ниво по вчерашниот инцидент со американско беспилотно летало во Црно Море, јавува Анадолу.

Зборувајќи на прес-брифингот во Москва за обвинувањата на Пентагон за руското „небезбедно пресретнување“ на американското беспилотно летало „MQ-9 Reaper“, Песков рече дека секоја земја „ќе ги брани своите интереси“.

Песков го нарече „чудно“ прашањето дали рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за инцидентот.

„Дали може да замислите дека шефот на државата, врховниот командант, не е информиран за инцидентот? Се разбира. Тоа е невозможно. Се разбира, тој беше информиран“, рече тој.

Песков одби да даде какви било детали за пресретнувањето, велејќи: „Немаме што да додадеме на изјавата на Министерството за одбрана, таа беше доста детална. Околностите на инцидентот беа опишани.“

Во врска со прогнозите за натамошно влошување на руско-американските односи, Песков рече дека односите се неговата „најниска точка“, додавајќи дека во соопштението на Министерството „јасно се вели дека не било употребено оружје, немало физички контакт“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека вчера над Црно Море било откриено беспилотно летало чии примопредаватели биле исклучени.

За да се идентификува насилникот, ангажирани се борбени авиони од дежурните сили на воздушната одбрана, а беспилотното летало како резултат на остро маневрирање излегло од контрола, изгубило висина и удрило во површината на водата.

Прашан за разговорите на Путин со сирискиот претседател Башар ал Асад, Песков потврди дека планираат да разговараат за односите меѓу Дамаск и Анкара.

„Сепак, главни теми на агендата се билатералните врски, соработката за време на обновата на Сирија по војната, барањето решенија за постигнување на сириското решение со акцент на апсолутниот приоритет на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата“, додаде Песков.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган за членството на Финска во НАТО: „Ќе го направиме тоа што е до нас“

Следно

Од утре инспекторите ќе вршат контроли врз трговците за тоа дали ги почитуваат мерките за поевтини прехранбени производи

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop