Пендаровски: Руската разузнавачка служба стои зад структурите во Бугарија кои вршат антидржавна кампања кон С Македонија  

January 23, 2023
2 mins read

Не можам да одам во детали бидејќи станува збор за сензитивни работи, само ќе ви кажам дека дел од овие структури и лица се надоврзани на руската разузнавачка служба, изјави претседателот на државата одговарајќи на новинарски прашања 

Организираните структури од Бугарија кои спроведуваат антидржавни кампањи кон С Македонија се поврзани со руската разузнавачка служба, изјави престедателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања по денешната 18. седница на Советот за безбедност.  

Претседателот Стево Пендаровски денеска соопшти дека ќе бара од Владата да им забрани влез во државава на еден европратеник од Бугарија и уште неколку бугарски државјани/Фото: МИА

По седницата, претседателот на државата изјави дека организирани структури во Бугарија, кои спроведуваат антидржавни кампањи кон земјава, се мобилизирани да поддржат организирано доаѓање на одбележувањето на 4 февруари – денот на раѓањето на Гоце Делчев. 

Зборувајќи во овој контентекст, Пендаровски изјави дека ќе ѝ предложи на Владата да им забрани влез во државава на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица – државјани на Бугарија поради дејствија што претходно ги преземале и сè уште ги преземаат против нашата држава.   

Пендаровски, одговарајќи, не се согласи со констатацијата која беше дел од формулацијата на новинарското прашање – зошто досега се доцнело со вакви мерки – и рече дека минатата година им бил откажан престој во земјава на тројца бугарски државјани, од кои едниот бил особено гласен кога станува збор за чествување историски личности.  

„Не се чакаше. Паметите и во медиумите, минатата година надлежните органи објавија дека на троца државјани им беше откажан претстој. Едниот од нив е посебно гласен и по повод овој сега претстоен настан ги повикува сите Бугари да доаѓаат во Скопје. Од тројцата, двајцата беа, службите тоа го викаат, како со легенда, кобајаги новинари, меѓутоа ним им беше откажан престојот. Беа веќе внатре и им беше забрането да се враќаат во Македонија за шест месеци, а другиот што е најгласниот и тогаш и сега е протеран и, практично, му е откажан престојот и забрането му е враќање во Македонија за подолг временски период. Значи, реакции имаше“,

изјави Пендраовски.  

Тој не сакаше да открива повеќе детали околу овие прашања, бидејќи, како што рече, станува збор за сензитивни работи, но додаде:  

„Само ќе ви кажам дека дел од овие структури и лица се надоврзани на руската разузнавачка служба“.

Иако не го спомена со име и презиме, повеќе од јасно е дека станува збор за европратеникот од Бугарија Ангел Џамбаски, за кого и за уште неколку бугарски државјани Пендаровски ќе ѝ предложи на Владата да им забрани влез во земјава. Џамбаски е познат по националистичката и навредлива реторика кон С Македонија и македонскиот народ во историски, но и во контекст на актуелните политички случувања и настани.  

За бугарскиот државјанин кој Пендаровски го окарактеризира како посебно гласен и на кого веќе му е откажан престој во земјава на подолго време, дел од медиумите во земјава пишуваат дека најверојатно станува збор за претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов.

Претседателот на државата во своето обраќање по седницата на Советот за безбеност соопшти дека, според сите проценки и анализи на надлежните безбедносни служби, одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе биде настан од висок безбедносен ризик, токму поради мобилизацијата на овие структури.  

„Истите овие структури се мобилизирани и логистички и финансиски за да го поддржат организираното доаѓање во Скопје на повеќе лица на 4 февруари кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев. Според сите проценки, тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат и нема да бидат само неми набљудувачи на тоа што ќе се случува“,

рече Пендаровски.  

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Андоновски: Сите пратеници кои што се чувствуваат дека се дел од општественото движење кое што сака промени ќе се приклучат на ВМРО-ДПМНЕ и ќе има предвремени избори

Следно

Агелер: Силно верувам дека никој, ниту функционер ниту поединец, не треба да ги напаѓа медиумите или пак некој новинар конкретно

Latest from Blog

ГАЗДА МЕЧКА, БОГАТИОТ СРПСКИ ГАСТАРБАЈТЕР поради ова го гони Германија за проневера на 7 милиони евра

Тројца српски државјани се уапсени во Германија под сомнение дека ја оштетиле таа земја за околу 7 милиони евра, како и дека ги држеле работниците од нивните компании во нехумани услови. Како

Организаторите на Евровизија објавуваат нови правила: Ќе се заострува Кодексот на однесување

Клучните промени вклучуваат враќање на експертските жирија во двете полуфиналиња за прв пат од 2022 година и намалување на максималниот број гласови од јавноста од 20 на 10. Жирито се враќа во

Поради сообраќајна несреќа: Се пренасочува сообраќајот од Битола кон границата со Грција

Сообраќајот на патниот правец А3 од Битола до државната граница со Република Грција од 20:00 часот е во прекин поради сообраќајна несреќа и истиот се пренасочува низ селата Бистрица и Породин. Како
Go toTop