ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ И ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ИЗЛЕГУВААТ ОД ВЛАДАТА: Не ја поддржуваме оваа реконструкција на владата!

February 13, 2023
1 min read

 

Претседателството и Централниот совет на Демократскиот сојуз на денешните седници по сеопфатна расправа заклучија дека програмските приоритети на Демократскиот сојуз усогласени со СДСМ пред парламентарните избори во јули 2020 година, како и во декември 2021 година пред формирањето на Владата со актуелниот состав, не се имплементирани, ова преку соопштение до јавноста го информираат од партијата.

„Се работи за коренити промени на изборните правила, преку укинување на системските предности за четири партии (две од власта и две од опозицијата), како и клучната промена Македонија да биде една изборна единица. Потоа, за борбата против корупцијата преку департизација на институциите кои работат на откривање на криминалот и донесување Закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, реформа во правосудниот систем преку ревизија на работата на судиите и донесување Закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка (преиспитување на монтираните полициско-судски процеси). Меѓу приоритетите се и донесување закон за формиране Фонд за младите од 2% од Буџетот, како и вработување на сите студенти по дипломирањето во јавниот или во приватниот сектор на година дена со просечна плата остварена во претходната година и други. Општинските организации на Демократскиот сојуз имаат и сериозни забелешки на соработката со СДСМ на локално ниво. По расправата, Централниот совет одлучи на не ја поддржи реконструкцијата на Владата на Република Македонија и нема да биде дел од парламентарното мнозинство, велат од таму.

Додаваат дека, Демократскиот сојуз и понатаму ќе иницира и поддржува реформи поврзани со евроинтеграциските процеси, со започнатиот скрининг процес, како и со законите кои се во интерес на граѓаните и на државата.

Инаку, Демократскиот сојуз е против најавите за наводен фронт, сојуз за Европа и поделба на граѓаните и партиите кои се „за“ а кои се „против“ ЕУ, поради тоа што и Демократскиот сојуз, но и сите партии и граѓани се за Македонија што побрзо да стане полноправна членка на ЕУ.

„Демократскиот сојуз како и досега ќе ги штити стратешките и националните интереси на Македонија и нејзините граѓани“, стои во нивното соопштение до јавноста.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕ ЗНАЕ КАКО ПРЕЖИВЕАЛЕ – мајка роди близнаци далеку од родниот дом, голготата ќе ја памети додека е жива (ВИДЕО)

Следно

(ВИДЕО) Ковачевски: Реконструкцијата ќе внесе нова енергија и ќе стави точка на лагите за предвремени избори

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop