Париз: Полицијата забрани демонстрации на крајната десница планирани за викендов

May 13, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Париската полиција забрани пет демонстрации на крајната десница планирани за викендов, јавува Анадолу.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин во вторникот им наложи на локалните власти да не даваат дозвола за протести на десничарските групи во земјата.

Полицијата во Париз во понеделникот објасни дека не го забранила собирот на приврзаниците на неонацистите на 6 мај во Париз, бидејќи не претставувал опасност за јавниот ред.

Но, началникот на полицијата Лоран Нунез го испрати случајот до обвинител бидејќи некои поддржувачи за време на маршот носеле маски за лице, што е незаконски.

Судот допрва треба да се изјасни дали тие групи можат да продолжат со демонстрации.

Стотици поддржувачи на неонацистите се собраа во францускиот главен град на 6 мај, што предизвика остри критики во јавноста.

Повеќе од 500 членови на Комитетот 9. Мај (Comite du 9-Mai) носеа црни маски за лице и мавтаа со црни келтски крстови во знак на сеќевање на Себастиен Дејзие, истакната личност од екстремната десница во Франција, кој падна од висока зграда и почина бегајќи од полицијата во 1994 година.

Париската полиција објасни дека не го забранила собирот под изговор дека не претставува закана за јавниот ред.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Туркије: Утре претседателски и парламентарни избори, право на глас имаат над 64 милиони гласачи

Следно

Реал Мадрид и Барселона на 29 јули во Арлингтон

Latest from Blog

„Фараоните“ ги запреа „Црвените ѓаволи“: Белгија и Египет поделија по бод (ВИДЕО)

фото: Belgian Red Devils (X) Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет ги поделија бодовите во првото коло од Групата „Г“  играјќи нерешено, 1:1 на стадионот во Сиетл. Белгијците ја имаа улогата на

ЕУ подготвува ново правило: Новите членки без право на вето до 15 години по приемот

Европската комесарка Марта Кос најави можност новите членки на ЕУ привремено да останат без право на вето во клучни области како надворешната политика, безбедноста и буџетот. Европската Унија размислува за воведување нови
Go toTop