Папата нагласи дека природните ресурси треба да бидат од корист на „целата заедница“

September 7, 2024
1 min read

Папата Франциск повика природните ресурси да бидат од корист на „целата заедница“ на земјите во развој од каде што се извлекуваат, а не само на меѓународните корпорации.

Поглаварот на Католичката црква (87), кој моментално е во Папуа Нова Гвинеја како дел од големото патување во Југоисточна Азија и Океанија, денеска се состана со локалните власти, претставници на граѓанското општество и дипломати во главниот град Порт Морезби.

Тој нагласи дека е „неопходно“ да се вклучат меѓународните корпорации во екстракцијата на природните ресурси.

– Сепак, единствено исправно е на потребите на локалното население да им се посвети соодветно внимание при распределбата на приходите и вработувањето работници, со цел да се подобрат нивните животни услови, рече папата Франциск.

Папуа Нова Гвинеја има огромни резерви на минерали и ресурси, вклучувајќи злато, бакар и природен гас. И покрај тоа, мнозинството од населението од околу 10 милиони живее под прагот на сиромаштија.

Кинеските и австралиските компании се особено активни во оваа пацифичка држава.

Папуа Нова Гвинеја, речиси 15.000 километри оддалечена од Рим, е втората станица на папата во неговото најдолго патување во странство од неговиот мандат досега. Само една четвртина од населението на земјата се католици.

Во рамките на посетата папата Франциск утре ќе предводи големата црковна миса на спортски стадион во Порт Морезби.

Други станици од неговото 12-дневно патување во четири земји во Југоисточна Азија и Океанија, се Источен Тимор и Сингапур. Папата го почна своето патување во Индонезија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За излез од државава на граничните премини се чека и по еден час

Следно

ЌЕ ВИ ТРЕБА ТРПЕНИЕ: Колони возила на граница, еве колку се чека

Latest from Blog

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени
Go toTop