Панова: На граѓаните им е преку глава од криминалот, корупцијата и заробените институции од владата на СДС и ДУИ, бараат избори

June 4, 2023
1 min read

Граѓаните се жалат на централната власт, предводена од СДС и ДУИ, порача денеска Ели Панова пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на средба со жителите на Самоилово, Смоларе, Колешино и Зубово во рамки на акцијата Ова е Македонија за сите.

Пановa истакна дека граѓаните на средбата ја прашуваат за уставните измени, укажувајќи дека таа го кажува ставот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не ма да гласа за уставни измени.

Она за кое што сакааат да зборуваат се токму уставните измени и дали тоа сето има шанса да помине. Она кое што го добиваат како договор од нас е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да гласаат за уставни измени. А исто така ги коментираат и поканите за лидерски средби и дали воопшто има потреба да се зборува за уставни измени на таква лидерска средба.

Таа рече дека доколку претседателот Мицкоски има лидерска средба со Ковачевски треба да разговара исклучиво за датум за одржување на предвремени парламентарни избори, бидејќи како што рече на граѓаните им е преку глава од криминалот, корупцијата и заробените институции од владата на СДС и ДУИ.

Кажуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ едноставно треба да каже дека треба да се организираат нови предвремени избори бидејќи народот повеќе не може да издржи заради криминалите и корупцијата и институциите кои се заробени од СДС и ДУИ, потенцираше Панова.

Панова нагласи дека без разлика кога и да се случат изборите, победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ и така ќе може да ги поправи сите грешки кои што ги прави актуелната влада на СДС и ДУИ врз македонскиот народ.

Без разлика дали изборите ќе бидат предвремени или парламентарни ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а тогаш ќе можеме да ги поправиме сите грешки кои што во моментот го мачат македонскиот народ, порача Панова.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ со идентична реторика за протестите како онаа на Милошевиќ пред 23 години

Следно

Кое ниво на IQ e ова?

Latest from Blog

Градоначалникот Дејан Проданоски до доцна во вечерта разговараше за предизвиците на граѓаните и нивни решенија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, одржа приемен ден со граѓаните во попладневните часови, почитувајќи го нивното работно време и овозможувајќи им директно да ги споделат своите предлози, проблеми и идеи. Средбите со

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува подобрување на положбата на Македонците

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија. “Дозволете ми, во име на

Владата на Гвинеја распушти 40 политички партии; опозицискиот лидер повика на отпор

Претседателот Мамади Думбуја, поранешен командант на силите за специјални операции, ја презеде власта во 2021 година со воен удар. Во декември тој освои седумгодишен претседателски мандат, резултат кој беше оспорен од опозицијата.
Go toTop