Палестинските болничари се борат за животите на децата ранети во израелските напади

March 27, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестински болничари вложуваат напори за да ги спасат животите на децата што тешко се ранети во израелските бомбардирања и гранатирања што траат од 7 октомври, пренесува Анадолу.

На снимката на Агенција Анадолу може да се види како медицинскиот персонал врши компресија на граден кош, што се смета за најважен дел на кардиопулмоналната реанимација (ЦПР), односно итна процедура за спасување животи што се изведува кога срцето ќе престане да чука.

Итното изведување на ЦПР може двапати или трипати да ги зголеми шансите за преживување бидејќи помага во одржувањето на движењето на крвта низ телото, давајќи им го на мозокот и на другите органи кислородот што им е потребен за да останат во функција.

Израелските сили веќе 172 дена изведуваат напади врз подрачјето на Појасот Газа, а меѓу последните е бомбардирањето на градот Џабалија, во северниот дел на палестинската енклава. Израелските воени авиони гаѓаа станбени подрачја, што резултираше со сериозни повреди на три лица, вклучително и деца.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Во овие напади досега се убиени повеќе од 32.414 Палестинци, главно деца и жени, а над 74.787 се повредени во услови на масовно уништување и недостиг на неопходни средства за опстанок.

По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да преземе мерки за спречување на геноцид.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со ненамален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување, каде што постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Човиќ: Измените на Изборниот закон на БиХ се неприфатливи за претставниците на хрватското Народно собрание во БиХ

Следно

Политико: Исчезнаа чувствителни досиеја на највисоки полициски функционери на Европол

Latest from Blog

Халанд не може да биде капитен на Сити зошто постигнува премногу голови!

ФОТО: Manchester City/FB Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД – Иран наидоа на нов ќорсокак

Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за

Вечер за паметење во Битола: Музика, танц и емоции за 35 години независност на Македонија

Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија. Спектакуларно и претесно беше

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов
Go toTop