Падна владата на Молдавија

February 10, 2023
1 min read

Претседателката Маја Санду ќе назначи нова влада, која потоа треба да биде одобрена од 101-члениот молдавски парламент

Владата на Молдавија падна откако прозападната премиерка Наталија Гаврилица поднесе оставка.

Падот на владата доаѓа по серијата кризи што ја зафатија земјата откако Русија ја нападна нејзината соседна земја Украина.

Гаврилица на прес-конференцијата рече дека „дојде време“ да ја објави својата оставка. Таа додаде дека никој не очекувал дека нејзината влада, избрана во летото 2021 година, „ќе мора да управува со толку многу кризи предизвикани од руската агресија во Украина“.

Нејзиното претседателствување со владата беше обележано со долга низа проблеми. Тие вклучуваат силна енергетска криза, неконтролирана инфлација, неколку вознемирувачки инциденти како што се ракетите од војната во соседна Украина кои летаа над воздушниот простор на земјата.

Претседателката Маја Санду ќе назначи нова влада, која потоа треба да биде одобрена од 101-члениот молдавски парламент.

Гаврилица ја презеде функцијата во август 2021 година, откако нејзината проевропска Партија за акција и солидарност освои мнозинство во парламентот со ветување дека ќе се бори против корупцијата.

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Следната недела во Кисела Вода ќе биде претставена стратегијата за развој на културата и културното образование

Следно

Приведен белгиски европратеник

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop