ОУ „Наум Охридски“ во Булачани по 60 години ќе добие спортска сала

April 8, 2023
1 min read

 Во Основното училиште „Наум Охридски“ во населбата Булачани во Општина Гази Баба денеска почна изградба на спортска сала, инвестиција на општината од 32 милиони денари. 

-Ме радува фактот што скоро после 60 години од постоење на училиштето првпат почнуваме со изградба на спортска сала во која што учениците од Булачани ќе имаат можност да ги реализираат часовите по физичко и здравствено образование. Инвестирајќи во образованието и во спортот,  инвестираме во нашата иднина. Инвестирајќи во младите, инвестираме во силни и здрави генерации кои ќе бидат иднината на нашата држава, изјави градоначалникот Бобан Стефковски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека во Булачани почнува нов капитален проект ветен за време на кампањата на Локалните избори. 

-Добро е кога нешто што се ветува и се реализира, затоа што од тоа мора да се направи разлика помеѓу оваа Влада на ДУИ подржана од помалиот коалициски партнер СДСМ и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Кои што и покрај сиот политички терор кој што го трпат од оваа Влада на ДУИ подржана од малцинскиот партнер СДСМ успеваат со една вредна, храбра, чесна, посветена работа да обезбедат средства и да го реализираат ветеното, изјави Мицкоски.

Тој апелираше до Владата да ја  одобри општинската обврзница што планира да ја издаде Општина Гази Баба. Поцедурата, како што рече, ќе заврши наскоро и општината ќе биде подготвена да ја издаде и официјално доколку помине на владина седница. Општината веќе добила позитивно мислење од Министерството за финансии, Македонската берза и од Комисијата за хартии од вредност.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медведев: Украина ќе исчезне бидејќи никому не му е потребна

Следно

Виктор од Скопје ги продаде играчките, а собраните пари ги донира за бездомните животни

Latest from Blog

Ричард Гренел, соработникот на Трамп, во средата бил во Скопје – самиот објави видео

Видеото што го објави Гренел на Инстаграм е снимено од погорните катови на зградата „Адора Флатирон“ во скопска Кисела Вода. Гренел имал приватна средба со премиерот Мицкоски и со министерот Муцунски, потврдија

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот
Go toTop