Отворени гласачките места во 2. круг од гласањето за претседател на Република Туркије

May 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Гласачките места ширум Туркије се отворени утрово во 8:00 часот по локално време (7:00 часот по средноевропско време) со што започна гласањето од 2. круг на претседателските избори во оваа земја, известува Анадолу.

Повеќе од 64 милиони граѓани на Туркије со право на глас, во 2. круг бираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидат на Народната алијанса, и Кемал Киличдароглу, кандидат на опозицискиот Национална алијанса.

Во вториот круг на изборите во Туркије, право на глас дополнително имаат 47.523 гласачи кои во меѓувреме наполнија 18 години.

Во првиот круг од гласањето во Туркије одржано на 14. мај, актуелниот претседател Ердоган освои 49,5% од гласовите, а лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу собра 44,89% од гласовите.

Народната алијанса на Ердоган, предводена од Партијата за правда и развој (АК партија) освои мнозинство во државниот парламент во Туркије во првиот круг од гласањето.

Гласањето на избираките места во странство и на граничните премини, во 2. изборен круг започна на 20. мај.

Гласањето во дипломатските претставништва на Република Туркије во странство, во вкупно 73 земји, заврши во средата, на 24. мај. Гласањето на граничните премини трае се до затворањето на редовните гласачки места, денес до 17:00 часот по локално време.

Според најавите на Врховната изборна комисија на Туркије, првите прелиминарни и неофицијални резултати од 2. круг на претседателските избори ќе бидат објавени истиот ден.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Втор круг од претседателските избори во Турција

Следно

Украина: Едно лице загина во масовен напад на руски беспилотни летала на Киев

Latest from Blog

Николоски: Се гради првото туристичко езеро на истокот – Отиња веќе 70% готова (ВИДЕО)

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски објави дека изградбата на браната Отиња е реализирана во 70 проценти, што претставува значаен чекор кон создавање на првото туристичко вештачко езеро во

Аврамовски: „Судењето за Кочани станува неефикасно поради законските измени“

Извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски, во интервју за РСЕ, оценува дека случајот со трагедијата во Кочани е „колатерална штета“ од измените на Кривичниот законик. Тој посочува дека

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни
Go toTop