Откажани повеќе од илјада летови кон дестинации во Блиски Исток

March 2, 2026
1 min read

Веќе трет ден по ред е затворен најпрометниот меѓународен аеродром во Дубаи.

Според најновите податоци од утрово се откажани 1.239 летови, а „Емиратс ерлајнс“ со седиште во Дубаи, „Етихад ервејз“ со седиште во Абу Даби и „Катар ервејз“ со седиште во Доха, заедно откажаа стотина летови.

„Ер Индија“ вчера откажа летови од „у Делхи, Мумбај и Амритсар за поголемите градови во Европа и во Северна Америка.

Во саботата, кога почнаа американско-израелските напади врз Иран беа откажани приближно 2.800 летови, а 3.156 беа откажани вчера.

Нема летови во воздушниот простор над Иран, Ирак, Кувајт, Израел, Бахреин, Обединети Арапски Емирати и Катар. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Следно

Божиновска: Ваучери за инвертер клими за ранливи домаќинства

Latest from Blog

Божиновска: Ваучери за инвертер клими за ранливи домаќинства

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за практична реализација на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Целта е обезбедување инвертер клима уреди за домаќинствата на кои

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу 30 од нив изразиле подготвеност да заминат при првата можна прилика, соопшти

Обука за претставници на Министерството за внатрешни работи за проценка на ризикот од корупција

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денеска во Скопје организира обука за претставници на полицијата / Министерството за внатрешни работи во областа Проценка на ризикот од корупција и Законодавство за проверка на корупцијата.
Go toTop