Осум пожари на отворено од утрово, активни се четири – еве каде гори

September 3, 2024
1 min read

Евидентирани се вкупно осум пожари на отворен простор низ државава до 13.30 часот. Од нив, четири се активни, а два се ставени под контрола, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од активните, два се на територија на општините Чашка и Чучер Сандево, каде гори мешана шума. Нискостеблеста вегетација гори во прилепскиот регион, а стрниште на територија на струшкото село Горно Татеши.

Првиот пожар ставен под контрола е на територија на општина Штип, каде опожарени се нискостеблеста шума, смреки и сува трева. Вториот е во регионот на демирхисарското село Вардино, гореле исечени дрва за огрев.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Гостивар и Прилеп.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АП Брера го доби ривалот во младинската Лига на Шампиони

Следно

Детали за трагедијата во која загинаа татко и син: Се испитува одговорноста на две лица

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop