ОСУМ ОПЕРСКИ СОЛИСТКИ ГО СЛАВЕА ПУЧИНИ НА ГАЛА КОНЦЕРТОТ СО НЕГОВИТЕ АРИИ

November 20, 2024
1 min read

Единаесет популарни арии од оперите на Џакомо Пучини испејаа солистките на Националната опера и балет (НОБ) на гала концертот „Жените на Пучини“, сношти во фоајето на Операта. Публиката со голем аплауз по врвните изведби ги испрати Весна Ѓиновска-Илкова, Сандра Митровска, Павлина Новакова-Георгиев, Злата Тошевска-Димовска, Александра Лазаревска-Василевски, Катерина Стојановска, Билјана Јосифов и Илина Митревска, кои настапија во пијано придружба на Андреј Наунов.

Концертот го отвори Билјана Јосифов. (Фото: К. Попов)

Во видеоанимација имаше зад нив, до анимираниот портрет на Пучини се менуваа имињата на солистките, на оперите и на ариите.  Дел од гостите беше и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

Весна Ѓиновска-Илкова имаше драматичен настап за крај на концертот. (Фото: К. Попов)

Концертот го отвори Билјана Јосифов со арија од „Турандот“, а го заврши првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова со арија од „Тоска“. Слушнавме и делови од оперите „Боеми“ и „Мадам Батерфлај“ кои месецов беа на репертоарот на Операта. Концерот во режија на Дејан Прошев се одржа во рамките на „Месец на Пучини“. На 23 ноември на репертоарот е „Тоска“, а на 29 „Турандот“.

Во фоајето е поставена изложбата „Пучини низ историјата на МОБ“ со дела од архивата на Операта.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен маж од Арачиново за криумчарење мигранти од Иран

Следно

Сведокот Ерол Османи: „Палчо пристигна со бел пикап, забележав вдлабнатина на вратата“

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop