Останати се уште 200.000 денари: Општина Карпош ги повика граѓаните да аплицираат за субвенции за велосипеди

April 7, 2023
1 min read

Општина Карпош повторно ги повика граѓаните да аплицираат за субвенции за купување на нов велосипеди, електричен тротинет и електричен велосипед.

Субвенционирањето почна на 21 март, а од општина Карпош потенцираат дека останале уште 200.000 денари од вкупно 700.000 кои беа наменети за субвенции.

-Ве известуваме дека сѐ уште е во тек акцијата за субвенционирање при купување на нов велосипед, електричен тротинет и електричен велосипед, која започна на 21.03.2023 година. Поточно, од вкупниот фонд од 700.000 денари кој Општина Карпош го обезбеди за оваа намена, на располагање се уште 200.000 денари. Во таа насока ве поттикнуваме да аплицирате за овие субвенции, доколку сакате да се подновите со горенаведените превозни средства.

Како што претходно информиравме, оваа акција трае до исцрпување на предвидените финансиски средства, при што важи принципот “прв дојден, прв услужен“. Ве потсетуваме дека локалната самоуправа субвенционира до 30% од цената на купување на нов велосипед, или во максимален финансиски износ, најмногу до 3.000 денари. Општината дава субвенции и за купување на електричен тротинет и електричен велосипед во висина до 30% од цената, односно најмногу до 5.000 денари, информираат од општина Карпош.

За подетални информации кликнете на следниов линк https://bit.ly/3TLkc9z.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петков „го откачи“ Борисов: Доколку ГЕРБ не успее да формира влада со првиот мандат, ПП-ДБ ќе предложи кабинет со вториот мандат

Следно

САД ги кочи плановите за внесување на Украина во НАТО

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop