ОН: Во Појасот Газа за три дена убиени 109 Палестинци, а 296 се ранети

May 9, 2024
1 min read

Најмалку 109 Палестинци загинаа, а 296 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од понеделник до среда попладне, вклучително и жени и деца кои беа убиени во нападите врз станбени куќи во Рафа, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за Координација на хуманитарни прашања (UNOCHA), врз основа на информациите што ги доби од Министерството за здравство во Газа, контролирано од Хамас.

UNOCHA соопшти дека 32 лица биле убиени во шест израелски напади врз Рафа, меѓу кои 11 деца и осум жени.

Девет лица, меѓу кои четири деца и две жени, загинаа во израелски напад врз бегалски камп југоисточно од Рафа.

Девет лица загинаа во нападот во Источна Рафа, меѓу кои четири деца и три жени.

Две деца и две жени загинаа кога беше погодена нивната куќа во Источна Рафа.

Пет лица, меѓу кои една жена и едно дете, загинаа во израелски напад врз куќа во западниот дел на Рафа.

Други пет лица се убиени во два одвоени напади на истокот и западот на Рафа, наведува UNOCHA, пренесе Ал Џазира.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дарио Ивановски официјално ќе настапи на ЛОИ во Париз

Следно

ЦУК: Внимателно попладнево, ќе има силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град

Latest from Blog

Голем пожар во близина на Атина

Голем пожар избувна во близина на пристанишниот град Рафина во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од бројот 112 беше испратена порака за евакуација до оние кои се

Шефовите на дипломатиите на Египет и Сирија разговараа за најновите политички и безбедносни случувања во Сирија

АНКАРА (АА) – Египетскиот и сирискиот министер за надворешни работи разговараа телефонски за најновите политички, економски и безбедносни случувања во Сирија, јавува Анадолу. Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, ги слушна

Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

Додека европратениците се подготвуваат да го избришат спомнувањето на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од годишниот извештај, македонскиот премиер Христијан Мицкоски во домашната јавност настапува со „иницијативи“ за нивна меѓународна верификација. Во
Go toTop