ОН упатија итен повик за помош за Сирија

February 14, 2023
1 min read

Гутереш ги повика сите земји-членки на ОН целосно и без одлагање да го финансираат повикот за помош за гарантирање на хуманитарната помош која, како што наведе, очајнички им е потребна на речиси пет милиони Сиријци и која вклучува засолништа, медицинска нега и храна

ФОТО: UNHCR

Обединетите нации упатија апел за 397 милиони долари за помош на жртвите од земјотресот во Сирија, каде се загинати илјадници луѓе, а на милиони други им треба итна помош.

„Денеска објавувам дека ОН упатија хуманитарен апел за 397 милиони долари за населението погодено од земјотресот во Сирија. Тоа ќе биде доволно за три месеци“,

рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Тој ги повика сите земји-членки на ОН целосно и без одлагање да го финансираат повикот за помош за гарантирање на хуманитарната помош која, како што наведе, очајнички им е потребна на речиси пет милиони Сиријци и која вклучува засолништа, медицинска нега и храна.

„Потребите се огромни и сите знаеме дека спасувачката помош не доаѓа со потребната брзина или обем“,

рече генералниот секретар на ОН.

Затоа, како што рече Гутереш, имам итна порака до меѓународната заедница: човечкото страдање од оваа природна катастрофа не треба да биде уште полошо поради пречките создадени од човекот – пристап, финансирање, набавки.

„Помошта мора да помине од сите страни, до сите страни, преку сите рути – без никакви ограничувања. Ова е момент за единство, за заедничка хуманост и здружена акција“,

нагласи тој, истакнувајќи дека по гаранциите на Сирија отворени се два дополнителни премини за да се овозможи поголема помош да замине до местата погодени од земјотресот.

Тој истакна дека една недела по разорните земјотреси, милиони луѓе ширум регионот се борат да преживеат, без покрив над главата и се соочуваат со ниски температури. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Државата нема информација што значат илјадниците легализирани дивоградби во случај на земјотрес

Следно

Вооружени напаѓачи упаднаа во болницата каде е сместено бебето кое се роди во урнатините на земјотресот

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop