ОН: Речиси 250 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа за време на прекинот на огнот

November 26, 2023
1 min read

Колку подолго трае прекинот на огнот, толку повеќе хуманитарни организации ќе можат да пружат помош, соопшти OCHA, која им се заблагодари на палестинската Црвена полумесечина и на египетската Црвена полумесечина

Обединетите нации објавија дека 248 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа од прекинот на огнот, од кои 61 донеле медицински материјали, храна и вода на северот од палестинската енклава. Единаесет амбулантни возила, три автобуси и еден трактор беа доставени во болницата „Ал Шифа“, најголемата во Појасот Газа, за да помогнат во евакуацијата, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за хуманитарна координација (OCHA).

Камиони со хуманитарна помош преминаа во северниот дел на Газа, Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израелските власти тврдат дека болницата е главното седиште на операциите на палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа, што Хамас го негира. Колку подолго трае прекинот на огнот, толку повеќе хуманитарни организации ќе можат да пружат помош, соопшти OCHA, која им се заблагодари на палестинската Црвена полумесечина и на египетската Црвена полумесечина.

Израелските затворски власти објавија дека синоќа се ослободени 39 палестински затвореници бидејќи Хамас, кој е на власт во Газа, ослободи 20 заложници на вториот ден од паузата од воените операции која се спроведува од петокот.

Војната трае речиси два месеца

Со посредство на државата Катар, Израел и Хамас се договорија за време на четиридневниот прекин на огнот Хамас да ослободи 50 заложници, а Израел 150 палестински затвореници, а во Газа истовремено ќе биде доставена и хуманитарна помош.

ОН и меѓународните невладини организации како и бројни странски престолнини со недели повикуваат на прекин на огнот со цел итно да се достави помош до населението во Појасот Газа изложено на бомбардирање, без струја и вода и соочено со недостиг од храна.

Војната започна на 7 октомври, кога Хамас уби 1 200 луѓе, од кои огромно мнозинство беа цивили, и зеде околу 240 заложници во крвавиот напад на израелска територија. Израел потоа безмилосно го бомбардираше Појасот Газа и започна копнена офанзива на 27 октомври за да го елиминира Хамас кој е на власт во енклавата од 2007 година. Речиси 15 000 луѓе загинале во израелските бомбардирања, според владата на Хамас.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Дон Жуан“ на Пројковски прогласена за најдобра претстава во Хрватска

Следно

Демократски сојуз: Да се среди избирачкиот список

Latest from Blog

Идеја за голем парк кај Аквадуктот – „Ќе ги привлекува луѓето да искусат 2000 години историја“

Ханес Јекл, еден од иницијаторите на граѓанската акција „Генералка Викенд“, во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека постои идеја за голем парк кај Аквадуктот во Скопје. „Да, тоа е идеја што

Јабланица на чекор до заштита – започна изработката на студијата за валоризација на природните вредности

Министерството за животна средина и просторно планирање објави дека започна процесот на изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на планинскиот масив Јабланица – прв и клучен чекор во постапката за

На Радев му ПРОПАДНА Референдумот за ЕВРОТО

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е изненадувачки што оние што се сметаат за најголеми демократи се противат на референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година. Во денешна објава

Германија и Израел одбележуваат 60 години од дипломатските односи

Германија и Израел денеска прославуваат 60 години од воспоставувањето дипломатски односи со размена на официјални државни посети, објави Германската новинска агенција (ДПА). Израелскиот претседател Израел Јицак Херцог денеска пристигна во Берлин, додека

Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз

ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа која нема предизвици втемелени на постигнувања или друг тип критериуми што важат за другите земји
Go toTop