Screenshot

Омерагиќ: Врвни едукатори за напредок на македонското судење

February 20, 2026
1 min read

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, порача дека Федерацијата активно вложува во развојот на судиите, со цел нивно позиционирање на највисоките европски натпреварувања.

Тој информираше дека во рамки на напредната едукација на судиите од Првата македонска фудбалска лига, во земјава престојувал шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети, кој учествувал и во доделувањето на ФИФА амблеми за македонските интернационални судии.

„Сè зависи од вас. Сакаме да ве гледаме во Лигата на шампионите и на Европските првенства“, била пораката што Росети им ја упатил на судиите.

 

Омерагиќ истакна дека ФФМ создава услови за напредок преку ангажирање врвни едукатори и изградба на систем кој ќе обезбеди квалитетно судење.

„Од судиите очекуваме посветеност, континуирано учење, чесност и подобри изданија на теренот. Верувам во македонските судии и во нивниот потенцијал да бидат дел од најголемата европска сцена“, нагласи Омерагиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТОНЕВСКИ: Системско решение за кучињата скитници во Пробиштип

Следно

Почна реконструкција на водоводната мрежа на „Даме Груев“ во Битола

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп со ноќна акција за чист град

Во пресрет на карневалската манифестација, екипите на ЈКП Комуналец – Прилеп реализираа засилени активности за уредување и чистење на градските улици, со цел Прилеп подготвено да ги пречека гостите. Ноќеска беше извршено

ТОНЕВСКИ: Системско решение за кучињата скитници во Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, оствари конструктивна средба со дел од активистите од здружението „Вита-Максима“, посветена на актуелната состојба со бездомните животни и можностите за унапредување на нивното хумано заловување и

Дебата за Предлог-законот за помилување

Научно-стручна расправа по Предлог-законот за помилување ќе се одржи денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Организаторите на расправата, Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (ЗКПКМ) и Правниот факултет
Go toTop