Одлуката на Уставен за работната недела е основ за кривичен прогон на Ковачевски и Груби во случајот со коридорите 8 и 10-д, вели ВМРО-ДПМНЕ

April 14, 2023
2 mins read

Криминалното дуо, обвинува опозициската партија, прифатило договор по непостоечки закони и прифатило обврски дека тие закони ќе ги измени, а доколку тоа не се случи во одреден рок тогаш тоа веднаш повлекува исплата 53 милиони евра буџетски средства како дополнителни трошоци, што би рекла Владата како ублажена форма на пенали

Тоа што Уставниот суд еднаш укина одредба со која се предвидуваше 60-часовна работна недела за изградба на коридорите 8 и 10-д, а сега во договорот со изведувачот „Бехтел и Енка“ се дава таква можност, според ВМРО-ДПМНЕ е основ за кривичен прогон на премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби.

Груби и Ковачевски, велат од опозициската партија, го кријат договорот за изградбата на коридорите, затоа што тој ќе ја покаже целата нивна неодговорност како власт кон народните пари.

„Ова криминално дуо прифатило договор по непостоечки закони и прифатило обврски дека тие закони ќе ги измени, а доколку тоа не се случи во одреден рок тогаш тоа веднаш повлекува исплата 53 милиони евра буџетски средства како дополнителни трошоци, што би рекла Владата како ублажена форма на пенали. Обврската која ја презеле во име на Собранието е да го изменат законот за работни односи и да дозволат 60 часовна работна недела. Патем Уставниот суд ваквото нешто го прогласил за неуставно со одлука од јули 2022 година. Токму таа одлука на Уставниот суд е основа за кривичен прогон на Артан Груби, Димитар Ковачевски и останатите кои осум месеци подоцна склучиле штетен договор кој значи дополнителни трошоци, или казнени пенали од вкупна вредност околу 200 милиони евра во времетраењето на изградбата на коридорите“,

велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за специјалниот закон кој беше донесен за изградбата на коридорите 8 и 10-д во кој се предвидуваше 60-часовна работна недела, но таа одредба падна на Уставен суд.

Кога се потпишуваше договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, беше презентирана проценка дека изградбата ќе чини 1,3 милијарди евра и оти ќе се заврши за 57 месеци односно во 2027 година. Меѓутоа, ова се пресметки во услови кога изведувачот би имал можност да работи 60 часа неделно, што изминатиот период беше потврдено и од владини претставници. Доколку на изградбата се работи според актуелното законско решение односно со 40-часовна недела изградбата ќе трае подолго и ќе чини поскапо. За се овозможи работниците што ќе се ангажираат за автопатските делници од коридорите 8 и 10-д да работат по 60 часа неделно, власта сега предложи законски измени на Законот за работни односи кои се собраниска процедура. Овие измени се предлага да се однесуваат на проекти од стратешки и национален интерес, како што се прогласени двата коридори.

Вчера во изјава за медиумите ова го елаборираше и премиерот Ковачевски.

„Ако се усвои од страна на пратеници, исто така по предлог на пратеници, да се овозможи само за ваков тип на стратешки проекти од национално значење да има 60-часовна работна недела, значи дека повеќе пари ќе има во државата, секој работник кој ќе се согласи доброволно да работи 60 часа, ќе добие платено прекувремена работа и плус 50 проценти за работа во недела. Тоа значи дека проектот прво ќе трае пократко и ќе чини помалку. Доколку остане оригиналното, како што имаме сега 40-часовна работна недела за сè, иако во моментов има одредени индустрии кои работат во недела, тоа значи дека прво проектот ќе трае подолго, што исто така е предвидено согласно договорот, и плус ќе биде платено повеќе работна сила која ќе биде донесена од странство бидејќи ’Бехтел и Енка‘ се имаат обврзано тој автопат да го направат согласно договор кој е над 400 страници и нема да ја нарушуваат својата репутација да не изградат пат во одреден проект во кој учествуваат“,

рече вчера премиерот Ковачевски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

„Скопје е навистина убав град и туристите го потврдуваат тоа“ – Пет места што секој турист треба да ги посети во Скопје

Следно

Поради временските услови одложено лансирањето на првиот набљудувачки сателит од турско производство

Latest from Blog

Муцунски: Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи

ЛШ: Челзи се „коцкаше“ и едвај извади реми со Карабах, Пафос победи за историја (ВИДЕО)

Уште на стартот на денешните пресметки во Лигата на шампионите бевме сведоци на две изненадувања. Карабаг и Челзи одиграа нерешено 2-2 во Баку, додека Пафос го победи Виљареал со 1-0 во Лимасол.

Меџити: Ахмети ја загуби битката поради две стратегиски грешки

Скопје, 5 ноември – Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во емисијата „Дебат во Шења“, истакна дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, направил две стратегиски грешки на локалните избори. „Првата е што шест-седум

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети. Соговорниците постигнаа консензус за потребата
Go toTop