Поради временските услови одложено лансирањето на првиот набљудувачки сателит од турско производство

1 min read

АНКАРА (АА) – Лансирањето на првиот сателит за набљудување на Земјата со висока резолуција од турско производство е одложено денес поради неповолните временски услови, јавува Анадолу.

Пионерскиот сателит од турско производство, ИМЕЏЕ, беше планирано да биде лансиран во вселената рано утрово од воздухопловната база Ванденберг во американската сојузна држава Калифорнија.

Откако ќе биде лансиран во орбитата, сателитот ИМЕЏЕ ќе служи во областите на одбраната, управувањето со катастрофи, животната средина и урбанизацијата, земјоделството и шумарството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Претходно

Одлуката на Уставен за работната недела е основ за кривичен прогон на Ковачевски и Груби во случајот со коридорите 8 и 10-д, вели ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Египетскиот министер Шукри: Подобрувањето на односите со Туркије е важно и за регионот

Latest from Blog