Одбележан Денот на воздухопловниот ВИНГ

June 10, 2024
1 min read

Со воена свеченост, која денес се одржа во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец, припадниците на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) од составот на Командата за операции (КО) го одбележаа 10 јуни – Денот на единицата. 

На воената свеченост во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец, пред началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и присутните се обратија началникот на штаб на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на вВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски. 

Началникот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски истакна дека одбраната на воздушниот простор претставува врвен приоритет и додаде дека во изминативе 32 години, конкретно се придонесува во изградбата на капацитетите и способностите на единицата. Генералот нагласи дека со предвидената модернизација ќе се овозможи поголема оперативна способност и подобро извршување на мисијата и задачите на единицата. Во својот говор генералот Ѓоргоски со особен пиетет потсети на загинатите 11 припадници во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце, порачувајќи им на припадниците на вВИНГ сеќавањето на нивните жртви  да им биде мотив за постигнување на уште поголеми успеси и професионалност.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Отворени прашања за реорганизацијата на Владата

Следно

Анчелоти во војна со ФИФА: Реал не доаѓа на Светското првенство

Latest from Blog

ШТО СЕ СЛУЧИ СО МИЛИЈАРДЕРОТ ПО УБИСТВОТО НА НЕГОВИТЕ ТРИ ДЕЦА… Има ли живот потоа?

Животот на данскиот милијардер Андерс Холх Повлсен беше обележан со ужасна трагедија во 2019 година. Три од неговите деца беа убиени во терористичкиот напад врз Шри Ланка, меѓу стотиците жртви. Животот на

Николоски и Караџов ќе потпишат договор за прекуграничен железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија

На 6 ноември 2025 година, на железничката станица Ѓуешево, ќе биде потпишан Договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Договорот ќе го потпишат
Go toTop