Од утре инспекторите ќе вршат контроли врз трговците за тоа дали ги почитуваат мерките за поевтини прехранбени производи

March 15, 2023
1 min read

Одлуките на Владата за намалување на цените на тестенините и млечните производи се донесоа пред речиси една седмица, а од утре веќе и официјално стапуваат во сила, и трговците до сега требаше да ги усогласат цените според Одлуките на Владата соопштија од Државниот Пазарен Инспекторат.

-Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките! Инспекторите ќе постпуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуките, а согласно тоа и според Законот за трговија. Станува збор за искусни професионалци, со долгогодишно работно искуство во сферата на пазарната инспекција, што значи дека сме апсолутно подговени да се соочиме и со овој предизвик, велат од ДПИ.

Контролите ќе се вршат над производите кои ги опфаќаат Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник на РСМ бр. 52/2023), односно:

тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15%; трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан); кисело млеко; павлака и jогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10%.

Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од економските оператори дејствува спротивно од Одлуките е предвиден во Законот за трговија. Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Од ДПИ напоменуваат дека пазарна ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

-Апелираме да се почитуваат Одлуките, а исто така ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во пазарниот инспекторат. Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа се донесени овие Одлуки, за да се помогне во време на економска криза која сеуште постои и да се спречи личното профитерство и злоупотреба, велат од ДПИ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Песков: „Немаше контакти меѓу Русија и САД по инцидентот со американското беспилотно летало во Црно Море“

Следно

ОВИЕ ДЕТАЛИ НА ПОГРЕБОТ УКАЖУВААТ НА ЕДНО, ЌЕ ИМА ОСВЕТА – Ранко Ескобар испратен од мистериозни маскирани мажи (ФОТО)

Latest from Blog

Народна банка: Европската комисија го препозна напредокот во јакнењето на финансиската стабилност

Европската комисија во Извештајот за земјава за 2026 година го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност, соопшти Народната банка. Според соопштението, во извештајот се

Коњановски: Битола ги слави слободата и достигнувањата на своите сограѓани

Актерката Соња Михајлова е добитничка на наградата „4 Ноември“ за животно дело, додека признанијата за едногодишни достигнувања им припаднаа на професорот д-р Горан Илиќ, д-р Маргарита Камбовска и спортскиот учител Кире Марков.

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација
Go toTop