Обвинителство на „гурање“: По силните критики на Мицкоски и јавноста, Коцевски ги задолжи обвинителите да работат, за промена

December 3, 2024
1 min read

По постојаните и основани критики на власта, особено на премиерот Христијан Мицкоски за тотална неактивност на Обвинителството во полето на криминалот и корупцијата, републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски објави дека ги задолжил сите јавни обвинители итно да стават приоритет во постапувањето по предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес.

Во соопштението на Јавното обвинителство, во кое се пренесува одлуката на Коцевски, се посочува дека тој сериозно ги прима апелите на извршната власт за зголемување на активноста на истражните органи, а особено на Обвинителство во борбата против корупцијата. Во оваа смисла тој, во рамки на своите надлежности, најавува реорганизација на силите во ЈО која ќе овозможи поефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела, особено од областа на финансискиот криминал и корупцијата.

„На ваквите предмети приоритет ќе се дава и во преземањето на дејствијата од страна на истражните центри на јавните обвинителства, а сите обвинители кои имаат во работа такви предмети се задолжени итно да извршат нивно ажурирање во смисла на проверка на преземените дејствија и на веќе издадените наредби и барања и на пристигнатите одговори од надлежни органи и институции. Доколку по издадени наредби и барања не е пристигнат одговор или соодветни податоци од надлежни институции и органи во законски определениот рок, веднаш ќе бидат испратени ургенции за итно постапување“, се наведува во одлуката на Коцевски која ја пренесува Јавното обвинителство на РМ.

Следствено, Коцевски ги задолжил обвинителите од основните, односно од вишите јавни обвинителства, во рок од 10 работни дена по носењето на Упатството да одржат колегиум со сите обвинители во основните, односно во вишите јавни обвинителства, на кој ќе се разгледуваат обемот на работа на конкретно обвинителство во однос на предмети од областа на корупцијата, подносителите, преземените дејствија и активни издадени наредби, како и предизвиците при постапувањето во таквите предмети.

Обвинителите треба да дадат предлози за надминување на предизвиците со цел поефикасен кривичен прогон.

„За сите овие активности ќе бидат доставени извештаи до Јавниот обвинител на Република  Македонија, а доколку биде констатирано неоправдано одолговлекување на постапките ќе биде извршен вонреден надзор над постапувањето на соодветните јавни обвинители“, наведуваат од ЈОРСМ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разговор Ердоган-Ал Судани: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Следно

ЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме

Latest from Blog

„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка: Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје

Извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен ќе настапат на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, во рамки на дополнителната концертна понуда на „Охридско

Проданоски: Со прилепските компании разговаравме што е потребно за нови инвестиции и работни места

Нова индустриска зона, поефикасно издавање градежни дозволи и забрзување на изградбата на обиколниците „Исток“ и „Запад“ се меѓу предлозите што прилепските стопанственици ги изнесоа на средбата со градоначалникот Дејан Проданоски. Средбата се

Владата на Бернам денеска ќе го претстави договорот со ЕУ во парламентот

Лабуристичката влада на Велика Британија, предводена од премиерот Енди Бернам, денеска во парламентот ќе претстави предлог-закон за транспонирање во националното законодавство на договорот со ЕУ, постигнат во Брисел на 20 ноември, соопшти

Општина Ѓорче Петров исплати 44 јубилејни награди за вработените во училиштата и градинката

Со исплатата се одбележува работниот стаж на вработените, а наградите се наменети за лица кои оствариле јубилеј во текот на работниот ангажман. Од општината посочуваат дека мерката е дел од поддршката за
Go toTop