Обвинителот Биковски кој го водеше „Пуч“ и против кого имаше постапка за 27-ми април унапреден во републичко, Јолевски во Вишо во Битола

October 22, 2024
1 min read

Обвинителот Златко Биковски кој беше еден од тројцата обвинители за кои се водеше дисциплинска постапка за тоа што како обвинител не презел дејствија за 27 април 2017 година, кога се случи „крвавиот четврток“ е унапреден во републичкото обвинителство заедно со Валентина Стојановска.

Тој беше обвинител во случајот „Пуч“ во кој обвинет беше поранешниот премиер, Зоран Заев и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски за нелегалното прислушување, предмет во кој им се судеше ним и поранешните вработени во УБК, кои го открија скандалот за нелегалното прислушување. Потоа за скандалот им се судеше на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, но случајот уште се влече по судови.

Откако неговиот надреден, Јово Илиевски, беше избран за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, еден период Биковски беше вршител на должност во Обвинителството за гонење на организиран криминал.

По дисципинската постапка беше вратен во обвинителството во Берово, но сега стана обвинител во републичкото обвинителство.

Советот на јавните обвинители денеска за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Македонија ги избрал овие двајца обвинители, а за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избрани јавните обвинители – Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи.

Поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски пак наместо да се врати во Основното јавно обвинителство Битола, тој откако му заврши мандатот како претседател и член на Советот е унапреден во Вишото јавно обвинителство Битола.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белгиски фудбалер остана без прсти во обид да отстрани факел од теренот (ВИДЕО)

Следно

Сиљановска Давкова го помилува Талески

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop