Објавено писмо на Србинката која исчезна во САД, пишувала за својот сопруг

January 10, 2023
3 mins read

Американската полиција го уапсила Брајан Волш (46), сопругот на исчезнатата Ана. Тој во моментов е осомничен за кривично дело доведување во заблуда на полициски службеници во истрагата. Но, се чини дека сопругот на исчезнатата 39-годишна жена би можел да се соочи со многу посериозни обвиненија

Во српските и американските медиуми одекна веста за мистериозното исчезнување на Ана Волш, мајка на три деца од Србија, а на површина излегуваат се повеќе детали за случајот. Како што посочуваат медиумите, на Волш и се изгубила секаква трага, а повеќе работи укажуваат на нејзино убиство.

Американската полиција го уапсила Брајан Волш (46), сопругот на исчезнатата Ана. Тој во моментов е осомничен за кривично дело доведување во заблуда на полициски службеници во истрагата. Но, се чини дека сопругот на исчезнатата 39-годишна жена би можел да се соочи со многу посериозни обвиненија.

Во домот на Брајан и Ана Волш во Кохасет, Масачусетс, иследниците пронајдоа докази што може да укажат дека Ана е всушност убиена. Во подрумот на куќата биле пронајдени нож и траги од крв, потврди окружното обвинителство.

Нејзините колеги пријавиле дека исчезнала на 4 јануари откако не се појавила на работа, соопштија властите. Полицијата со денови ја бараше во областа околу нивниот дом во Кохасет, град на околу 30 километри југоисточно од Бостон.

Објавено писмо

Брајан Волш бил во домашен притвор откако во 2018 година се изјаснил за виновен за продажба на лажни слики на Енди Ворхол за 80 000 долари.

За време на сослушувањето во јуни минатата година, Ана Волш напишала писмо до судијата во кое се залагала за нејзиниот сопруг, објави локалниот портал Бостон25 њуз.

„Во текот на овие осум месеци, нашето семејство беше заедно низ многу пресвртници: нашиот најмлад син наполни една година, нашиот среден син почна да зборува, а нашиот најстар син, кој штотуку тргна во градинка кога последен пат ве видовме, има само неколку недели до крајот на годината и ќе се подготвува за тргање во прво одделение. Тој го изгуби и првиот заб“,

напишала таа во писмото.

Ана потоа пишувала дека Брајан бил многу корисен откако нејзината мајка доживеала мозочна аневризма во декември 2021 година.

„Не само што ѝ го спаси животот, туку на неа и на целото семејство им донесе утеха и радост за време на нејзината болест“,

напишала Ана.

Во исто време, се вели дека Брајан продолжил да се грижи за својата болна постара мајка и „беше таму за своите синови од ден на ден“.

„Без разлика дали се работи за прошетка на Светскиот ден на мирот во Дорчестер или засолниште за бездомници во Бостон каде што донирал храна и тоалети, Брајан уште од мали нозе ги научи нашите момчиња колку е важно да се споделува радост и да се дава од вашето време и ресурси“,

напишала Ана.

Судските документи откриваат дека Брајан бил главниот старател на момчињата, на возраст од шест, четири и две години, додека Ана поминувала голем дел од своето време работејќи во компанија за недвижнини.

„Брајан постојано работи на надминување на лошите навики од минатото и сите со нетрпение очекуваме ново поглавје во неговиот живот“,

му напишала Ана на судијата.

Пребарувал на интернет како да се ослободи од телото

Како што објави Си-ен-ен, иследниците пронашле прашања за пребарување во интернет-записите на Брајан Волш за „како да се ослободите од телото на жена тешка 52 килограми“.

Во понеделникот вечерта, инспекторите кои трагаат по можното тело на Ана Волш копале низ ѓубрето во Пибоди, град на околу еден час возење северно од Кохасет, тврди извор директно поврзан со истрагата.

Лентата од местото на злосторството беше поставена и надвор и околу контејнерите лоцирани во станбен комплекс во близина на домот на мајката на Брајан Волш во Свампскот, околу 22 милји северно од Бостон, додаде изворот. Брајан Волш тврдеше дека отишол да ја посети мајка си откако неговата сопруга исчезнала, рекоа истражителите, пренесува Си-ен-ен.

Полицијата сега верува дека Волш намерно ја одолговлекувал истрагата и дал погрешни информации само за да купи време и да ја одведе полицијата на погрешен пат.

„Фактот што му беше поставено конкретно прашање и даде лажен одговор што ги одведе истражителите надвор од областа предизвика јасно одложување во потрагата по исчезнатото лице, Ана Волш“,

рече обвинителката Лин Беланд.

Што им рекол сопругот на истражителите?

Сопругот Брајан ѝ рекол на полицијата дека последен пат ја видел својата сопруга рано наутро на 1 јануари, кога, како што ркол, таа отишла со Убер или Лифт до аеродромот за да лета за Вашингтон, каде што работи. Нејзините соработници пријавиле дека исчезнала на 4 јануари, откако не се појавила на работа, изјавила обвинителката Лин Беланд.

Но, полициската истрага откри дека немало возење со Убер или Лифт на Нова година и дека таа никогаш не се качила на лет. Исто така, беше откриено дека сигналот на нејзиниот мобилен телефон бил лоциран во нејзиниот дом во Кохасет подоцна истиот ден.

Истрагата, исто така, доведе во прашање некои други тврдења на Брајан Волш. Тој им рекол на истражителите дека го извел детето на сладолед на 2 јануари, но снимките од надзорот покажале дека тој ден Брајан во Хоум Депот купил производи за чистење во вредност од 450 долари.

Полицијата добила налог за претрес и пронашла крв и оштетен, крвав нож во подрумот на куќата, рече Беланд.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три лица повредени во сообраќајка во Скопје

Следно

Сијарто: Безбедносните предизвици на ЕУ ги засегаат и Србија и Унгарија

Latest from Blog

Божиновска: Еднаквите можности почнуваат со работна средина што ги поддржува жените

Работната средина треба да им овозможи на жените да напредуваат во кариерата без да се откажуваат од семејниот и личниот живот, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Коњановски: Околу 15.000 евра проценета годишна заштеда од првата фаза на „Сончеви училишта“

Фотонапонска централа со инсталирана моќност од 40 киловати е поставена во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола. Централата беше технички прегледана и предадена во рамките на проектот „Сончеви училишта“, кој со анекс

Костовски: Засилени инспекциски контроли во Бутел, на удар објектите со сомнежи за законски прекршувања и непрописното паркирање

Општина Бутел започна со засилени инспекциски контроли на целата своја територија, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Веста ја соопшти градоначалникот на Општина Бутел,

Божиновска: Ќе ја зајакнеме соработката со ФЕИТ за младите инженери да стекнат практично искуство

Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посетија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде што со министерката Сања Божиновска разговараа за енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската

Вашингтон најавува силна поддршка за домашната рударска индустрија

Американската администрација започнува силна кампања за обновување на домашното рударство и металната индустрија, како дел од пошироките напори за реиндустријализација на земјата. Пораката од Вашингтон е дека рударството е неопходно за економскиот
Go toTop