НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа 80 години од започнувањето со работа

November 23, 2024
1 min read

Во 1944 година Македонија ја добива националната универзитетска библиотека св. Климент Охридски, институција со непроценливо културно материјално богадство. Богат фонд со над три милиони книги, списи, ракописи.

Пред 80 години бил именуван првиот директор со што и започнува работата на оваа установа во слободна Македонија со заповед на Поверенството за народна просвета на Президиумот на АСНОМ на 23 ноември.

Од министерсвото за култура и туризам велат дека оваа библиотека е комлексна институција која е трезор на пишаното културно богатсво во Македонија и активно учествува во неговото ширење и развој.  

Книгата е животна супстанца со која се храниме, океан на духовна храна и никогаш нема да пресуши овој извор на знаење. За претседателката Гордана Силјановска Давкова НУБ „ св. Климент Охридски“ е космос на идеи, вулкан на нови сознанија, светилник на умот и срце на мудроста. 

На свеченоста се доделија благодарници на Министерството за култура и туризам, на националниот фолклорен ансамбл „Танец“ и на соработници на библиотеката, а постхумно се додели благодарница и за првиот директор Георги Шоптрајанов. Настанот беше збогатен со настап од Танец како и промоција на видео запис во кој е претставен историјатот и развојниот пат на библиотеката, присутните можеа да се запознаат со оригинални документи, копии верни на оригиналите и други материјали поврзани со историјатот на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје од изложбата пто беше поставена. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во турски Ван се гради архитектонска реплика на ерусалимската џамија „Купола на карпа“

Следно

Делови од Велика Британија погодени од снежна бура

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop