Ново издание на 360°: Младите посклони кон коруптивно однесување од возрасните – зошто?

May 13, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 12 мај 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостуваа универзитетските професори Јасна Бачовска Недиќ и Огнен Спасовски

Замислете се во ситуација да ве запре сообраќајна полиција по направен прекршок, што прво би направиле? Ова беше едно од прашањата во истражувањето на јавното мислење на тема „ситна корупција“ што за потребите на „360 степени“ го спроведе „Тим институт“. При анализа на одговорите преку возраста на испитаниците, воочливи се разлики меѓу најмладите и највозрасните. 51,5 отсто од оние на возраст од 18 до 34 години рекле дека ќе ја замолат полициската патрола да им прости. Од оние над 55 години, таков одговор дале 40 отсто. Дека прифаќаат оти направиле прекршок и ќе ја платат казната одговориле 28 отсто од најмладата категорија. Од највозрасните – така рекле десет процентни поени повеќе или 38 отсто. Слична разлика се воочува и кај одговорот – итно барате пријател за да ѝ се јави и да побара од патролата да не ве казнува. Тоа би го направиле 18,1 отсто од најмладите наспроти 10,4 отсто од највозрасните во истражувањето. Кои се причините за ваквите разлики дебатираме со Јасна Бачовска Недиќ – професорка по социологија на правото на „Јустинијан Први“ при УКИМ, и Огнен Спасовски – професор на Институтот по психологија на Филозофскиот факултет при УКИМ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРЕМИЕРА НА „ЛЕПА АНГЕЛИНА“ НА ЉУПЧО ЃОРГИЕВСКИ ВО ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР

Следно

Турски МИТ неутрализира висок терорист на ПКК во Северна Сирија

Latest from Blog

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и
Go toTop