Во своето прво европско финале, екипата на Кристал Палас дојде до првиот голем трофеј во клупските витрини. Вечерва во финалето на Конференциската лига во Лајпциг, момците на Оливер Гласнер славеа со минимални 1:0 на дуелот со шпански Рајо Ваљекано и успеаја да испишат уште една нова страница од клупската историја.
Одлуката за новиот освојувач на третото по ранг европско натпреварување стигна на почетокот на второто полувреме, кога Жан Филип Матета искористи една одбиена топка во противничкиот шеснаесетник и ја затресе мрежата на Рајо за 1:0.
Во продолжение англискиот тим пропушти најмалку уште две 100% шанси за зголемување на предноста, по што дојде притисок од шпанскиот тим, но без успех. Англичаните од Лајпциг с евраќаат со европскиот трофеј број два, откако претходно Астон Вила ја освои Лигата на Европа, а Арсенал ќе има шанса со троимф во Лигата на шампионите да направи хет-трик европски титули за островските состави.
Извор: vecer.mk

