Нов начин на полагање на државната матура, нема да се полага во училници

April 4, 2024
1 min read

Нов начин на полагање на државната матура, поради искуствата од минатата година, кога контролата на учениците во затворени простории во смисла на користење на мобилни телефони и поткажувања се покажа како не ефективен, истакна државниот секретар на МОН, Билјана Казанџиска.

Речиси сите училишта во државата, со исклучок на едно во Скопје на кое во моментот се работи,  се подготвени за новиот начин на полагање. Измените се состојат во тоа што учениците ќе полагаат во сали, наместо во училници како претходните години.

– Државниот испитен центар заедно со државниот матурски одбор, веќе неколку пати одржаа состаноци, на кои беше разговарано за начинот на полагање на државна матура и прилагодување на простор, каде што учениците ќе полагаат матура. До сега немаме никакви проблеми, сите училишта имаат фискултурни сали, холови, каде што учениците ќе полагаат матура. Имаме само проблем во Скопје, но наскоро тој проблем ќе биде решен и тие ученици ќе полагаат на отворен простор, изјави Билјана Казанџиска, државен секретар на Министерството за образование и наука.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Малата Данка била убиена, уапсени две лица

Следно

На сила го однела својот невенчан 87-годишен сопруг на нотар за да и го препише имотот

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал
Go toTop