Норвешка отвори истрага за фирмата во Бугарија во врска со експлозиите на пејџери во Либан

September 20, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Норвешката полиција започна прелиминарна истрага за компанијата во Бугарија во сопственост на норвешки државјанин во врска со експлозиите на пејџери во Либан, во кои загинаа најмалку 37 луѓе, а над 3.200 се повредени во два брана експлозии на комуникациски и воки токи уреди, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Полицискиот округ на Осло објави дека започнал истрага за поврзаноста на Норвешка со инцидентот што се случи во Либан во вторникот и средата.

„Можеме да потврдиме дека полицијата започна прелиминарна истрага за информациите што се појавија и континуирано ги проценува сите можни мерки“, рече менаџерот за операции Александар Остерхауг, цитиран од националната телевизија НРК.

Според пишувањето на медиумите, компанијата во сопственост на Норвежанец е регистрирана во главниот град на Бугарија, Софија.

Досега, индициите за случајот укажуваат на Тајван, Унгарија, Бугарија и сега на Норвешка.

Претходно оваа недела, во вестите на унгарските медиуми беше наведено дека софиската „Норта Глобал“ била вмешана во продажбата на пејџери на либанската група Хезболах.

Сепак, бугарската контраразузнавачка служба, ДАНС, не најде никаква поврзаност меѓу земјата и неодамнешните експлозии на уреди за безжична комуникација во Либан и Сирија, објавија денес државните медиуми.

И Хезболах и либанската Влада го обвинија Израел за добро испланираните експлозии.

Досега Израел не одговори во врска со смртоносните напади. Дури, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огради од објавата на X на неговиот советник Топаз Лук, која навести дека Тел Авив е одговорен за експлозиите.

Неколку земји ги осудија експлозиите на пејџери и изразија солидарност со Либан, додека меѓународните организации за човекови права, вклучително и „Хјуман рајтс воч“, предупредија дека таквите напади ги загрозуваат животите на цивилите и ги кршат законите за време на војување.

Масовните експлозии на пејџери дојде во период на размена на прекугранични напади меѓу Хезболах и Израел паралелно со бруталната израелска офанзива во Појасот Газа, во која од октомври минатата година убиени се над 41.300 луѓе, главно жени и деца, а повредени се над 95.000.

Претходно денес, норвешкиот министер за надворешни работи, Еспен Барт Еиде, повика на воздржаност. „Изразувам од срце мое сочувство со цивилите во Либан и во целиот регион кои сега живеат во страв. Ги повикувам сите страни да покажат максимална воздржаност“, напиша тој на X.

Синоќа Израел бомбардираше нови цели во Либан во најинтензивниот напад врз земјата од избивањето на војната во Газа.

„Ова што се случува е закана за меѓународниот мир и безбедност“, изјави Еиде денес за НРК.

„Сега израелските лидери сосема експлицитно велат дека сакаат да ја преместат војната кон Либан. Тогаш ќе ја добиеме ескалацијата од која се плашевме долго време“, нагласи норвешкиот министер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска Кочоска: Да обезбедиме влез на поголем број учесници на Берзата, ќе работиме на развој на секундарниот пазар

Следно

Израелските авиони уништија стотици ракетни фрлачи на Хезболах наменети за израелската територија

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop