Николоски за автопатот Кичево – Охрид: Асфалтираме и во зима, автопатот ќе биде готов до крајот на 2026 година

November 24, 2024
2 mins read

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево – Охрид на потегот од Врбјани до Охрид,  а до крај на 2026 година како што ветивме ќе го изградиме целиот автопат, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и градоначланикот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во зимско асфалтирање на автопатот во непосредна близина на Охрид.

Министерот Николоски, заедно со останатите присутни денеска промовираа  асфалтирање во зимски услови, токму на трасата на автопатот Кичево – Охрид,  активност која за прв пат се применува после 50 години.

Како што истакнаа, ова е резултат на промена на Законот за изградба на автопатот Кичево – Охрид се со цел да се надминат проблемите со техничките услови со асфлатирањето и да се забрза неговата изградба. Министерот Николоски истакна дека направена е целосна мобилизација на работници и на машини и со тоа се создава услови да се асфалтира и на минусни температури.

“Ова е мое прво појавување на овој проект. Ветивме работа а помалку да зборуваме. Ги решаваме проблемите со автопататот и веќе ги забележуваме резултатите. Правиме историска работа за Охрид и за цел регион. Имаме голема мобилизација за изградба на  автопатот и тоа со околу 300 машини и околу 600 вработени кои секојдневно работат на трасата. Денеска промовираме асфалтирање во зимски услови и на минусни температури се со цел да ја забрзаме изградбата и да ги достигнеме роковите  што си ги зададовме. Тоа е до почетокот на летната сеозна да пуштиме за сообраќај околу 40 километри од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај Ботун, а до крај на 2026 година да го изградиме целиот автопат. Исто така во преткфалификација е избор на изведувач за автопатот Кичево-Букојчани и очекувам дека на пролет ќе имаме избрано изведувач. Потоа тој автопат ќе се надоврзе на автопатот кој интензивно започна да се гради, а тоа е од Гостивар до Букојчани и понатаму од Гостивар до Тетово, така да граѓаните од Охрид и регионот ќе добијат нов модерен автопат од Охрид до Скопје. Исто така по целата траса ќе има и алтернативен пат”- изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Министерот Николоски исто така најави дека ќе се започне и со реконструкција на превојот Пресека.

Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски истакна дека интезивно се работи на санација на косините и на завршување на експропријацијата.  

“ Работиме со силен интензитет да ги санираме косините што се појавени на потегот од Кичево до Врбјани бидејќи со текот на времето тие биле подложни на многу природни услови. Исто така работиме и на завршување на експропријацијата. Со измени на Законот благодарение на министерот Николоски ја сменивме формулата за асфалтирање и со тоа овозможуваме зимско асфалтирање, нешто што не се правело изминативе педесетина години. Наследивме огромни проблеми, но макотрпно работиме да ги решаваме ден по еден и очекувам дека до крај на 2026 година ќе го завршиме овој автопат” -изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче од Конгресот: Нема да подлегнам на оние кои потајно сакаат СДСМ да не го биде

Следно

Јаневска: Во училиштата нема место за какво било насилство, ја јакнеме законската заштита и со сет механизми се справуваме со несоодветни однесувања

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop